Мериен Трамп Бери огорчено го критикуваше својот брат, американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека „Доналд е тука за Донлад“, па ги потврди претходните обвинувања на својата внука Мери дека пријател му го положил приемниот испит за колеџ.
Мери Трамп, авторка на книгата за претседателот и една од неговите најгласни критичари, рекла претходно за „Вашингтон пост“ дека Доналд Трамп не е прикладен за претседател и го подржа неговиот ривал Џо Бајден.
Внуката на Трамп во книга разоткрива што тој има против Меркел: Тоа го излудува
Таа исто така откри дека тајно снимила 15 часа лична конверзација со Бери во 2018 и 2019 година.
Во еден од снимените разговори сестрата на Трамп го нарекува претседателот „суров“.
– Неговите проклети „твитови“ и лажење, о Боже. Говорам премногу слободно, но знаеш. Промена на приказната. Помалку припрема. Лажење. Сра*е, рекла неговата сестра Мериен Бери Трамп на снимката.
Таа никогаш не зборува јавно за спротиставените мислења со Доналд Трамп, но аудио снимката ја покажува другата страна на приказната и проблемите што настанале кога Бери побарала услуга од својот брат во осумдесетите, по што тој, како што вели таа, често ги превземал заслугите за нејзиниот успех.
Можеби најмногу покажува разговорот меѓу Бери и нејзината внука на 1 ноември 2018 година, кој изгледа ги поттикнал наведувањата дека Трамп платил на некого за да го полага приемниот испит за колеџ место него.
Според „Вашингтон пост“ разговорот течел вака:
– Влезе на Фордам една година, а потоа се префрли на Универзитетот Пенсилванија бидејќи имаше кој да му ги положи испитите, рекла Бери.
– Нема шанси! Имаше некој кој му го положил приемниот? – прашала Мери.
– САТ тестот или како и да беше. Тоа е она што мислам. Дури го памтам и името. Тоа беше Џо Шапиро, одговорила Бери.
„Вашингтон пост“ укажува дека Мери Трамп рекла дека Шапиро не бил тој кој одел на Универзитетот Пенсилванија со Доналд, а тоа лице не се појавило во јавност.
Крис Бастарди, портпаролот на Мери, рекол дека таа почнала да ги снима разговорите со својата тетка во 2018 година, по нејзините тврдења дека роднините лажеле за вредноста на семејниот имот две децении порано, за време на правната битка за нејзиното наследство за кое тврди дека добила многу помалку од очекуваното.
Си-Ен-Ен потсетува дека Белата куќа во јули, пред објавувањето на книгата на Мери Трамп, Мерион Бери Траммп преку соопштение изјавила дека обвинувањата поврзани со испитот САТ се „апсурдни“ и „целосно неточни“.
The post „Тие негови проклети твитови и лажење“: Сестрата на Трамп на тајни снимки изнесе мислење за својот брат (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
„Тие негови проклети твитови и лажење“: Сестрата на Трамп на тајни снимки изнесе мислење за својот брат (ФОТО) was first posted on август 26, 2020 at 6:02 pm.