Брак исполнет со панични напади, без интимност и со обид за самоубиство: Мрачните тајни од бракот на Елтон Џон (ФОТО)

Поранешната сопруга на Сер Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да си го одземе животот за време на нивниот меден месец во 1984 година, може да се прочита од документите доставени до Врховниот суд во Лондон, пишува БиБиСи.

Г-ѓа Блауел изјавила дека земала голема доза на валиум откако пејачот и признал дека „нивниот брак не функционира и дека сака да си замине“, а тоа било само три дена откако пристигнале во луксузното одмаралиште на Сен Тропе. Изјавите се дел од тужбата за штета поднесена од Блауел против Елтон Џон во која таа тврди дека музичарот ги прекршил одредбите од нивниот договор за развод.

Музичката продуцентка родена во Германија беше во брак со Елтон Џон четири години и не се експонираше премногу во јавноста се до нивниот развод во 1988 година.

Фото: Профимедиа

Но, претходно оваа година, таа поднесе тужба откако ја прочита автобиографијата на Елтон „Јас, Елтон Џон“ и откако го видела филмот за познатиот пејач „Rocketman“. Тоа разоткривање ги предизвикало нејзините долготрајни ментални тешкотии, тврди Блауел.

Во одговор, адвокатот на Елтон Џон го призна постоењето на договор за развод, потпишан од двете страни, но негираше било какво прекршување на договорот што би создало „психолошка штета“.

Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

„Голема траума”

Сепак, адвокатот на Ренате Блауел, Адам Волански, рече дека „музичарот е свесен за проблемите на неговата поранешна сопруга – односно дека тој е свесен дека таа страда од депресија и дека состојбата дополнително се влошува од медиумскиот интерес и публицитетот на кој таа беше изложена. Нејзиниот обид за самоубиство и целата серија на панични напади за време на нивниот брак се доказ за тоа тврдење“, вели Волански.

Еден таков инцидент се случил за време на вечерата на која присуствувал пејачот и неговата сопруга во 1985 година, на вечерата организирана за членовите на кралското семејство.

Фото: Профимедиа

„За време на посетата, принцезата Маргарет ја прашала Блауел за деталите за една слика која му припаѓала на обвинентиот, но бидејќи не можела да се сети на какви било детали за сликата, таа започнала да паничи и станала многу нервозна. Таа го прекинала разговорот на Елтон со Кралицата за да побара помош пред да замине во друга просторија. Иако не објаснила зошто го сторила тоа, мора да му биде јасно на обвинетиот дека се повлекла поради паничен напад и нервоза“, рече адвокатот.

Во документите претходно доставени до судот, Блауел изјави дека автобиографијата и филмот „Rocketman“ го повториле интересот на медиумите за неа и нивниот брак и дека новинарите се обиделе да ја најдат во селото каде живее, што повторно и создало огромен стрес.

Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Според тврдењата искажани на суд, таа потрошила илјадници фунти на разни терапии и третмани. Како одговор на тужбата, адвокатот на Сер Елтон Џон, Џени Афија рече дека Елтон отсекогаш ја почитувал приватноста на Рената и дека ќе продолжи да го прави тоа.

„Добро е познато дека нивниот брак беше полн со почит и дека по разводот тие продолжиле да имаат љубезен однос полн со почитување, кој трае 30 години“, изјави Афија.

Таа додаде дека е невообичаено што, иако целиот случај се врти околу нејзината приватност, таа самата одлучила да ги објави своите тврдења во јавноста.

„Тоа само докажува дека единствената цел на оваа тужба е да извлече огромна сума пари од Елтон и да го оцрни неговото име пред јавноста“, заклучи таа.

Фото: Профимедиа

Елтон Џон по несреќниот брак ја обелодени својата хомосексуалност и денес е во среќен брак. Тој стапи во брак со Дејвид Фурниш во 2005 година, на првиот ден од легализацијата на истополовите бракови во Англија, а заедно имаат посвоено и две деца.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Еспресо

Овие комедии ќе ве насмеат до солзи, морате да ги погледнете! (ВИДЕО)

Еспресо

Природа или естетска хирургија? Руската Анџелина Џоли го маѓепса светот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Оваа убавица е фитнес инспирација која може да биде пример за секого! (ФОТО)

Еспресо

Сегашниот сопруг на Северина против поранешниот: Тоа не го прават луѓе, го прават длабоко несреќни личности! (ФОТО)

Еспресо

Исплива „гола“ фотка од Цеца Ражнатовиќ: Ова е доказ зошто мажите лудуваат и денеска по неа (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

пет × 5 =

Слични објави

Никол заблеска во латекс комбинезон – Фановите ја осудија дека била под нож (ФОТО)

Еспресо

Свадба за паметење: Се ожени познатиот хармоникаш Војче Петрушев (ФОТО/ВИДЕО)

Васко Спасоски

Три знака во зодијакот кои ќе ви пружат кралски третман!

Еспресо

Мадона повторно провоцира: Музичката ѕвезда во проѕирна долна облека! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кои хороскопски знаци се експерти за флертување?

Igor

Мажи ова е првата работа која жените ја забележуваат кај вас и нема шанси да им се провлече!

Igor