11.8 C
Скопје
04:32 - 17 мај, 2024

Тешко се пронаоѓа градителот, а уште потешко уривачот

Така е тоа со градбите, ги гледаш, им се восхитуваш, а не знаеш кој ги изградил. Едноставно не знаеш.

Сите ние знаеме за Кеопсовата пирамида, најголемата и највеличенствената од сите фараонски гробници во Египет. Ја нарекуваме Кеопсова, бидејќи во неа е погребан фараонот Кеопс. Но никој не го знае името на градителот. Односно на архитектот, на главниот инженер, на подизведувачот или надзорниот орган. Тешко се дознава тоа.

Кога сме веќе кај Египет, многумина од вас биле или слушнале за „Долината на кралевите“. Место каде што покрај голем број други кралеви и великодостојници е погребан и легендалниот Рамзес Втори. Но повторно не го знаеме името на градителот. Така е тоа со градењето, се восхитуваш, се врткаш наоколу, а не ти ни текнува да прашаш – па добро кој ова, добога, го изгради? Но мало фајде од прашување, бидејќи никој не го знае одговорот.

Пред три недели прочитав една интересна вест, со која се откри дека истражувачите од Универзитетот во Брајтон откриле дека камените блокови од Стоунхенџ биле донесени од каменоломот оддалечен 25 километри од локалитетот. За оние масивни камења во Стоунхенџ значи знаеме дека се изградени од материјал кој бил набавен од локалниот пазар, претпоставуваме дека се работи за некаков верски или астролошки центар, со кој се користеле друидите на старите келтски племиња, но повторно поим немаме кој го изградил тоа. Кој дал дозвола баш на тоа место во Јужна Англија да се наредат камењата? Веројатно некој поглавица, но неговото име е мистерија. Или, на пример, кој е генијалецот што рекол баш така да се наредат камењата? Кој бил одговорниот за кршењето и носењето на тешките камени блокови? Каква е пораката до идните генерации? Едноставно, не се знае.

Вака можеме до недоглед. Огромен број на фантастични објекти од минатото ги красат историските четврти на познатите европски градови, но ретко кој го знае името на градителите. Па, да не се викаше „Ајфелова кула“, зарем сметате дека некој ќе се сетеше на Густав Ајфел? Таква е судбината на градителите.

Затоа и не треба да нė чуди што и во 2020 година, ние, жителите на Скопје, но и надлежните органи, не знаеме кој е градителот на мистериозниот објект крај „Мавровка“, во самиот центар на градот. Излегоа екипи на терен, инспекоторите пребараа по архивите, но без успех. Никој не знае кој е одговорен за објектот. Тоа што е интересно е декај никој не знае ниту кога е почната изградбата, од кој склад е довлечкан материјалот, ниту каква е намената на објектот. Очевидци велат дека се работи за станбена зграда, а некои тврдат дека е деловен центар. Има и такви што се колнат дека на тоа место се гради мол.

Така е тоа се мистериозните градби, им се восхитуваш, ги гледаш, а немаш поим кој ги гради. За разлика од Стоунхенџ, сигурни сме дека никој не дал дозвола. Тоа е барем јасно. Тешко дека го градат друиди или друг тип на верски лица, а знаеме и дека материјалот не е довлечкан од каменоломот во Јужна Англија.

Веројатно истражувачите од скопскиот универзитет треба да се зафатат со работа, бидејќи градските и општинските власти се покажаа како неадекватни во истражувањето.

Но во блиска иднина ќе треба да се истражува уште еден феномен. Ќе треба да се одговори на прашањето – зошто никој не сака да го урива мистериозниот објект крај „Мавровка“? Луѓето се жалат дека немаат пари, а фирмите дека немаат доволно работа. Еве им и работа и пари, им се нудат на „тацна“, но нема никој. Два тендера пропаднаа, ниту една фирма не се јави да ги стави на располагање своите услуги и своето знање. Веројатно така е тоа со уривањето. Кога не знаеш кој гради, подобро е да не уриваш. Којзнае кој поглавица стои зад објектот или некој крал или можеби фараон?

 

The post Тешко се пронаоѓа градителот, а уште потешко уривачот appeared first on Слободен печат.


Тешко се пронаоѓа градителот, а уште потешко уривачот was first posted on август 18, 2020 at 8:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....