-1.2 C
Скопје
09:29 - 23 декември, 2024

Телеграф: Ако пристигнува втор бран, пристапот на Швеѓаните бил вистински цело време

Имаше моменти во текот на пандемијата кога чувствував дека ме лаже меморијата. Сигурен сум дека се сеќавам дека научниците ни велеа дека вториот бран е неизбежен. Можам да се заколам дека на конференција за медиумите видов графикон кој покажува застрашувачка крива во форма на ѕвоно која пак прикажува проекции за бројот на заразените во есен, а уште пострашен графикон беше оној со проекции за зимата. Сигурен сум дека слушнав експерти како ни објаснуваат дека ковид -19 ќе исчезне само ако создадеме имунитет, односно кога ќе се создаде имунитет на стадо, било по природен пат или со вакцина, пишува Кристофер Сноњдон во својот коментар за британски Tелеграф.

Официјалните документи ме уверуваат дека не сум луд. Само неколку минути по состанокот на Саге (научен одбор кој ја советува британската влада во текот на пандемијата на коронавирус, чии членови се тајни) во март го дознавме ова: Саге бил едногласен во размислувањето дека мерките за целосно сузбивање на ширењето на ковид-19 сигурно ќе предизвика втор бран.

Колку што зна, тоа и натаму е нивен став. Сузбивање на зимскиот бран за време на најсончевата пролет би можело да се покаже како не многу големо достигнување. Најлошото допрва доаѓа.

Сите во страв чекаат зима, но не и Шведска

Една земја доаѓањето на зимата ќе го чека со значително помалку страв од повеќето. Изминатите недели, една студија покажа дека 30 отсто од Швеѓаните стекнале имунитет на вирусот. Ако имунитетот на стадото помогне како мерка во сузбивање на вирусот во текот на вториот бран, шведскиот пристап, кој многумина го оспоруваа и критикуваа, би можел да се покаже како оправдан.

Швеѓаните не одеа на целосно затворање, а таквиот пристап Маркус Карлосн од Универзитетот во Линд во март го прогласи за „луд експеримент“. Д-р Сесилија Содерберг – Науклер од шведскиот институт Каролинска ја обвини владата за „воведување во катастрофа“ и предвиде дека здравствениот систем ќе се распадне ако не се воведе целосно затворање. Секој модел предвидуваше експоненцијален раст на новозаразените.

И додека поголемиот дел од човештвото живееше во локдаун, фотографиите од Швеѓаните како се дружат по ресторани и барови се чинеа како нешто што доаѓа од друга димензија. Освен забраната за собирање на повеќе од 50 луѓе, животот во Шведска продолжи како да нема епидемија. Децата помлади од 16 години продолжија да одат на училиште. Никој не носеше маска. Ова, беше јасно, дека е затишје пред бура.

Критичарите на шведскиот модел сега се повикуваат на среќа

Катастрофата никогаш не стигна. Како и во повеќето европски земји, пикот на починати од ковид-19 Шведска го достигна во првата половина на април, по што следуваше стабилен пад. Како што прикажува графиконот, бројот на смртни случаи не се разликува од примерокот на смртност во другите европски земји, кои воведоа локдаун. Дневниот број на починати во Шведска ретко достигнуваше двоцифрени бројки и стабилизиран е под 30 починати дневно уште од средината на јуни. Како и во Велика Британија, половина од смртните случаи се врзуваат со домовите за стари лица, додека две третини од починатите се на возраст од 80 и повеќе години.

Извор: Телеграф

Еднаш кога стана јасно дека пророштвата за катастрофата се покажале неточни, критичарите на шведскиот пристап кон коронавирусот се свртеа кон пост-хок рационализација. Наведуваа дека Шведска имала среќа поради ниската густина на населеност и високата стапка на домаќинства од само едно лице. Некои тврдеа дека социјалното дистанцирање е природен дел од шведската култура или дека Швеѓаните доволно не разговараат за да пренесат капки од вирусот. Нешто од тоа беше вистина, а добар дел глупости, но ништо од тоа не беше споменати во март, кога беше кажано дека Шведска е осудена на пропаст.

Целите на локдаунот сега се значително поинакви

Сега се смета несоодветно да се споредува Шведска со Велика Британија, Италија или Шпанија или со било која друга држава која имала поголема стапка на смртност. Дозволено е само споредување со непосредните соседни земји, каде смртноста е значително пониска. Ако споменете Велика Британија, или не дај Боже, Белгија (која се затвори недела дена по Велика Британија и има најголема стапка на смртност од коронавирусот на светот) веднаш ќе ви речат дека требало да посегнат по затворањето многу порано.

Целите поради тоа се променети. Целата на целосното затворање повеќе не е заштита на здравствените системи, туку превенција од смртта по секоја цена. Нов Зеланд засега успеа да го искорени вирусот, но поради тоа се поздрави со својата најголема извозна индустрија – туризмот – која вклучува десет отсто од неговата економија и 14 отсто од вкупната работна сила.

Изолиран од остатокот на светот, Нов Зеланд сега е затвореник кој зависи од вакцина, а таа вакцина можеби никогаше нема да се пронајде.

Австралија мислеше дека го поразила вирусот, но делови од државата Викторија се повторно затворени, откако се откриени нови случаи. Вирусот пламна и во САД, Израел и ЈАР. Победата во борбата против првиот бран може да се окарактеризира како инвазија на Ирак, само вовед во долготрајна војна која со своето траење само троши уште повеќе жовоти и пари.

Ако вакцината дојде до еден, Шведска ќе изгледа како недопрена од пандемијата

Ако и постои надеж дека ќе се избегне вториот бран, тогаш таа лежи во следењето на контактите. Меѓутоа, апликацијата на НХС (британското јавно здравство) Test and Trace не се покажа како делотворна, тешко и дека ќе биде до лето, а уште повеќе до зима. Дуќаните и натаму ќе бидат соочени со строгите правила за социјално дистанцирање и – најлошо од се – страв на граѓаните да излегуваат надвор.

Според анкетата на Super Saturday, само пет отсто Британци влегле во паб минатиот викенд. Само 21 отсто од Британците се чувстуваат безбедно да јадат во ресторан.

А што е со трошоците за сето тоа?

Шведска нема да биде заобиколена од глобалната рецесија која следува. Нејзиниот БДП се очекува да падне за 5,3 отсто годинава. Но БДП на Еврозоната ја очекува пад од 8,7 отсто, Велика Британија 9,7 отсто, повеќе од 10 во Италија, Франција и Шпанија.

Шведска не ги затвори своите училишта. Не ги затвори своите граѓани во домашен притвор. Ако вакцината почне да се произведува наесен, Швеѓаните ќе изгледаат како да биле невнимателни.

Но тоа нема да се случи, а зимата доаѓа.

The post Телеграф: Ако пристигнува втор бран, пристапот на Швеѓаните бил вистински цело време appeared first on Слободен печат.


Телеграф: Ако пристигнува втор бран, пристапот на Швеѓаните бил вистински цело време was first posted on јули 13, 2020 at 7:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....