22:02 - 6 јули, 2026

Тажен ден за рокенролот: Почина основачот на бендот „Флитфуд Мек“

Питер Грин, еден од основачите на познатата рок група „Флитвуд Мек“ почина на 73-годишна возраст.

„Семејството на Питер Грин со голема тага известува дека тој почина во текот на викендот, мирно во сон. Останатите детали ќе бидат објавени наредните денови“, се наведува во соопштението за медиумите.

Instagram

Грин во 1967 година заедно со тапанарот Мајк Флитвуд ја основале групата „Флитвуд Мек“, а во 1970 година Питер ја напуштил групата бидејќи имал психички проблеми.

Подоцна е откриено дека боледувал од шизофренија, па извесно време се лекувал во психијатриска болница.

Питер Грин се вратил на сцената со новиот состав „Питер Грин сплинтер груп“.

 

 

The post Тажен ден за рокенролот: Почина основачот на бендот „Флитфуд Мек“ appeared first on Слободен печат.


Тажен ден за рокенролот: Почина основачот на бендот „Флитфуд Мек“ was first posted on јули 26, 2020 at 11:15 am.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....