2.8 C
Скопје
17:57 - 23 декември, 2024

СЗО: Не политизирајте со одлуки за повторно отворање училишта

Светската здравствена организација соопшти денеска дека одлуките за повторно отворање на училиштата не треба да бидат политички, туку дел од пошироката стратегија за борба против Ковид-19.

Извршниот директор на СЗО за програми за итни случаи, Мајк Рајан, рече дека ваквите одлуки бараат да се погледне над тоа како училиштата, работните места или објектите за долготрајна нега реагираат индивидуално на епидемијата на коронавирусот.

Изјавата е дадена во време кога официјалните лица на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се повеќе повикуваат на отворање на училиштата во САД.

-Треба да се фокусираме на сеопфатна долгорочна стратегија што се фокусира на сите истовремено, рече Рајан.

Тој посочи дека државите треба да нocат одлуки врз основа на околностите што преовладуваат во нив или сегашното ниво на пренесување.

– Не можеме да ги претвориме училиштата во уште еден политички фудбалски натпревар во оваа игра. Не е фер за нашите деца. Мораме да донесуваме одлуки кои се засноваат на најдобрите интереси на нашите деца, без оглед дали се тоа нивни образовни или здравствени интереси, рече Рајан.

The post СЗО: Не политизирајте со одлуки за повторно отворање училишта appeared first on Слободен печат.


СЗО: Не политизирајте со одлуки за повторно отворање училишта was first posted on јули 13, 2020 at 8:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....