3.8 C
Скопје
02:07 - 21 декември, 2024

Светските компании го бојкотираат Фејсбук: Рекламирањето преку интернет сѐ попривлечно за македонските фирми

„Старбакс“, „Кока-Кола“, „Хонда“ се новите имиња на големи компании што деновиве го бојкотираат Фејсбук и ги полекуваат сите свои реклами. Овие компании се придружија на уште 160 глобални компании, кои велат дека на овој начин го изразуваат бојкотот против говорот на омраза што се шири на социјалните мрежи.

По овие настани, во регионот сѐ повеќе се пишува за тоа како на национално ниво се дели рекламниот колач, и тоа не само поради влијанието на овој бојкот, туку и поради тоа колку од рекламите завршуваат во домашната економија – на телевизиите, на радијата, на весниците и на порталите, а колку на глобалните социјални мрежи.

Во Македонија рекламирањето на социјалните мрежи е во подем. Најголемите рекламни и ПР-агенции објаснуваат дека телевизиското рекламирање сѐ уште го држи приматот, но компаниите сѐ повеќе се „навлекуваат“ на релативно евтиниот начин на рекламирање преку интернет, кое пак на „компјутерски начин“ го наоѓа патот токму до оние групи што може да бидат потенцијални купувачи.

Се следат навиките

Магдалена Михајловска, експерт за стратешки комуникации во „Имиџ ПР“, вели дека компаниите ги следат навиките на луѓето кои се потрошувачи за компанијата или, пак, корисници на услуги, а денешниот човек многу време поминува на интернет, особено на социјалните медиуми.

– Различните возрасни групи користат одделни социјални медиуми, па компаниите ги прилагодуваат своите комуникации на тој начин. На пример, постарите генерации користат Фејсбук, додека помладите се на Инстаграм и на сѐ попопуларниот Тик-Ток. Популарноста на рекламирањето на интернет, вклучувајќи ги и социјалните медиуми, расте бидејќи овозможува ефикасен начин на таргетирање на публиките, едноставно мерење на резултатите и, што е најважно, сѐ уште е релативно евтино во споредба со другите канали, како на пример ТВ – вели Михајловска.

Таа објаснува и дека според истражување што е направено во однос на тоа кои канали се користат за информирање во земјава, 54 отсто од испитаниците одговориле дека се информираат за настаните преку интернет, но дел од нив се информирале и од телевизијата, па така телевизијата е потврдена од 60 отсто од испитаниците.

– Ова е фрапантен раст за интернетот како канал за информирање наспроти другите, особено ако се види состојбата од пред неколку години. Иако телевизијата е сѐ уште доминантен медиум за информирање, интернетот станува сериозен конкурент – вели Михајловска.

Двонасочна комуникација

И Татјана Лопарски, главен извршен директор на „Елемент ПР“, потврдува дека екраните на паметните телефони, или на компјутерите, се сѐ почесто користена алатка за комуникација  во нашата земја.

– Преку социјалните медиуми е овозможена двонасочна комуникација со граѓаните што не е возможно да се направи со адвертајзинг-пораките каде што компанијата промовира свој производ или услуга. На овој начин се прави промоција и се добива повратно реакција од луѓето што ја добиваат пораката. Бојкотот на компаниите на глобално ниво на услугите на Фејсбук се должи на неможноста на социјалната мрежа да се справи со пораките на омраза и расизам што стана актуелна тема последните месеци. Сведоци сме и самите дека социјалните мрежи наместо да вмрежуваат, почнаа да стануваат простор за искажување ставови што предизвикуваат омраза и зголемување на тензиите. Да потсетиме дека Фејсбук беше во проблеми поради пласирањето лажни вести и за време на претседателската кампања во САД – вели Лопарски.

Кај нас нема официјални податоци колку пари вкупно се потрошени за реклами преку интернет, но во Србија тоа веќе девет години го прави агенција што објави дека вкупно за реклами на интернет, во 2019 година, во оваа земја се потрошени 47 милиони евра, што е најголем износ откако се прават мерењата. Притоа, кога станува збор за маркетингот на социјалните медиуми, вредноста е 11,8 милиони евра, при што дури 10,2 милиони евра се за огласи на Фејсбук.

Во врска со овие бројки, Мирослав Варга, експерт за онлајн маркетинг, за српски „Телеграф“ изјави: „Дигиталните медиуми имаат поголемо влијание од сите други. На Запад така и се вложува. Не се намали вложувањето во телевизиите, само бавно расте, а се гледа каде се парите“.

Инаку, според објавените податоци, Фејсбук годишно добива околу 70 милијарди долари од реклами, а четвртина од овие пари се од големите компании.

The post Светските компании го бојкотираат Фејсбук: Рекламирањето преку интернет сѐ попривлечно за македонските фирми appeared first on Слободен печат.


Светските компании го бојкотираат Фејсбук: Рекламирањето преку интернет сѐ попривлечно за македонските фирми was first posted on јули 1, 2020 at 2:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....