Смртоносните судири во Портланд во сојузната држава Орегнот се пренесоа и на врвот на американската политичка сцена во форма на остри обвинувања и навредливи изјави кои ги разменија ривалите на претстојните претседателски избори, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден.
Претседателот Доналд Трамп го обвини градоначалникот на Портланд, демократот Тед Вилер, дека дозволил „смрт и уништување во својот град“, а неговиот демократски противкандидат на претстојните претседателски избори, Џо Бајден го обвини Доналд Трамп дека „подржува насилство“.
Во Портланд се судрија припадници на ултрадесничарската расистичка организација која го подржува претседателот Трамп со демонстрантите на движењето „Црните животи се важни (Black lives matter)“, кои го претворија Портланд во срцето на сите американски протести против полициска бруталност и масовен расизам меѓу припадниците на американската полиција, веднаш по суровото полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис на 25 мај.
Portland Mayor Ted Wheeler launched a searing attack against President Trump, accusing him of inciting violence in his city https://t.co/obvHYJWPh1 pic.twitter.com/h7n3VHC9KP
— Reuters (@Reuters) August 30, 2020
Градоначалникот на Портланд упати апел на сите Американци кои најавија дека ќе „дојдат да се одмаздат“ и им порача да не доаѓаат, а претседателот Трамп го обвини дека поттикнува „омраза и поделба“.
This isn’t the official route of the Trump rally, but there is still an endless stream of Trump vehicles coming into downtown Portland. pic.twitter.com/Kpc7X4LPvL
via ByMikeBaker 02#VoteEarly— Tomthunkit (@TomthunkitsMind) August 31, 2020
Трамп преку Твитер возврати со навредлива порака дека Портланд никогаш нема да закрепне „додека будала е на позиција градоначалник“.
Ted Wheeler, the wacky Radical Left Do Nothing Democrat Mayor of Portland, who has watched great death and destruction of his City during his tenure, thinks this lawless situation should go on forever. Wrong! Portland will never recover with a fool for a Mayor….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 30, 2020
Демократите и републиканците постојано меѓусебно се обвинуваат за поддршка на насилство и деградација на правната држава.
GRAPHIC WARNING: Horrifying video shows a man being gunned down in Portland.
It sounds like somebody shouts something identifying the man to the mob, and he’s immediately killed.
This is what the media doesn’t want you to see. pic.twitter.com/qh968GIGaU
— David Hookstead (@dhookstead) August 30, 2020
Во конфликтот меѓу ултрадесничарската, расистичка организација и припадниците на движењето „Црните животи се важни“, загина еден член на расистичката организација „Патриотска молитва“.
What happened in the Portland shooting?
Here’s the lead up to the shooting of Jay Bishop, a member of the right-wing group Patriot Prayer, who was killed during the #PortlandProtests. More @business: https://t.co/IvA6VfQnPU pic.twitter.com/LMCYGdeBTA
— Bloomberg QuickTake (@QuickTake) August 31, 2020
The post Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО/ВИДЕО) was first posted on август 31, 2020 at 11:35 am.