5.8 C
Скопје
03:39 - 29 март, 2024

Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО)

Смртоносните судири во Портланд во сојузната држава Орегнот се пренесоа и на врвот на американската политичка сцена во форма на остри обвинувања и навредливи изјави кои ги разменија ривалите на претстојните претседателски избори, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден.

Трамп го обвини градоначалникот на Портланд, демократот Тед Вилер, дека дозволил „смрт и уништување во својот град“, а претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден го обвини Доналд Трамп дека „подржува насилство“.

Фото: John Rudoff / ddp USA / Profimedia

Во Портланд се судрија припадници на ултрадесничарската расистичка организација која го подржува претседателот Трамп со демонстрантите на движењето „Црните животи се важни“, кои го претворија Портланд во срцето на сите американски протести против полициска бруталност и масовен расизам меѓу припадниците на американската полиција веднаш по суровото полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис на 25 мај.

Градоначалникот на Портланд упати апел на сите Американци кои најавија дека ќе „дојдат да се одмаздат“ и им порача да не доаѓаат, а претседателот Трамп го обвини дека поттикнува „омраза и поделба“.

Трамп преку Твитер возврати со навредлива порака дека Портланд никогаш нема да закрепне „додека будала е на позиција градоначалник“.

Демократите и републиканците постојано меѓусебно се обвинуваат за поддршка на насилство и деградација на правната држава.

Во конфликтот меѓу ултрадесничарската, расистичка организација и припадниците на движењето „Црните животи се важни“, загина еден член на расистичката организација „Патриотска молитва“.

The post Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО) was first posted on август 31, 2020 at 11:35 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....