15.8 C
Скопје
08:29 - 11 мај, 2024

Данче Ефтимова, една од првите сликари на мурали: Насмевките на децата се неспоредливи со ниедно признание

Со сликање на ѕидови започнала сосема случајно, пред пет години. Почнала да слика рекреативно, но набргу ги добила првите ангажмани. Вели дека никогаш не планира ова да го работам, туку работата сама ја побара неа.

Колку муралната уметност е прифатена во Македонија, дали луѓето се запознаени со сите можности на муралот?

– Во последните две години можам да потврдам дека кај нас постои голема публика за оваа уметност. Кога јас започнав да се занимавам со професионално сликање на ѕид, луѓето во глобала не беа запознаени, поради што имам голема чест да бидам една од првите комерцијални и професионални сликари на мурали во нашата земја кои живеат и заработуваат од оваа уметност.

Позната си по мотивите за деца, која е предноста на сликањето во детските соби? Како може да се оплемени една детска соба?

– На почеток за уметноста на ѕид, најчести клиенти ми беа родителите на предшколски деца. Но на моја голема надеж набрзо почнав со секакви техники поврзани со сликањето на мурали, што за мене претставува константно истражување и спознавање. Како за секој мурал, така и за детските, постои широк опсег на варијации и можности. Мене лично ми е доволно да ја знам идејата и што ни дозволува просторот. Сè друго е изводливо, се разбира, во соработка со клиентите.

Како реагираат децата на оваа уметност? Кои се реакциите и речениците што ти останале при срце?

– Многу ретко присуствувам лично кога детето дознава дека собата му е насликана. Најчесто родителите сакаат муралот да биде изненадување за децата. Но постојано добивам видеа и слики од родителите. Не можам да одвојам, но сите тие насмевки и изливи на емоции се мое огромно задоволство, неспоредливо со ниту едно признание или некаков сличен успех, за мене најголемото достигнување е нивнато искрено радување. А посебно ме прави горда што оставам белег во нивното детство, по кој ќе ме запамтат како Данче што им го наслика ѕидот.

Кои скопски ѕидови си ги украсила?

– Досега имам насликано околу петстотини ѕида, но голем дел од нив се во приватни домови, локали итн. Во меѓувреме, работам на мапа на која би можело да се разгледаат јавните мурали, кои искрено не би можела да ги набројам, но би го издвоила паркот Ибни Пајко на кој работев во соработка со уште еден уметник, крилјата од фламинга во нашата Зоолошка градина и мојот прв јавен мурал пред влезот на клубот за танц „Денсерс јунајтид“ и мојот омилен ѕид во моето родно место Зрновци, на кој работев како основец, за по дваесет години повторно да имам прилика да го оживеам.

Кој е предизвикот на цртање на стакло во споредба со цртање на ѕид, на текстил или на дрво?

– За разлика од муралите, сликањето на стакло е многу поразлична техника, која бара брзина и познавање. Надворешните услови, ограничувањето во потезите кои мораат да бидат конкретни без ниту една грешка, ја прават оваа техника да биде специфична и доста деликатна за мене, но секогаш возбудлива и со многу предизвици. Новогодишните мотиви што ги работам од самиот почеток заедно со муралите се стремам да бидат со оригинален дизајн, по кој би биле препознатливи, но секогаш во комбинација со тематиката која клиентите ја бараат од мене.

Колку еден излог може да „оживее“ со цртање на стакло? Дали ваквите цртежи се барани само за време на празничниот новогодишен и божиќен период? Колкава е трајноста на цртежот?  

– Иако сликањето на стакло го работам веќе четири зимски сезони,  трендот сè уште е познат само по новогодишните празници. Но сè во свое време, јас сум задоволна и среќна со целиот успех што го имам досега. Впрочем, последните два месеца од годината ми се резервирани само за стаклените бајки. Тогаш четките за мурали се на годишен одмор.

Сликаните патики се тренд во светот, има ли интерес кај нас? Колку овие цртежи можат да преобразат стар модел во нов?

– Во последно време следам голем број уметници што се занимаваат со оваа техника, се радувам и ги препорачувам секогаш. Кога ја спознав техниката за мене беше доста интересно искуство, мислам дека не постои човек или дете што не би посакало уникатни чевли или патики, а овој тренд веќе пет години е доста популарен кај нас. Во последните две години несебично го отстапувам тој простор на моите колеги.

Повеќе за уметноста на Данче може да погледнете на следниов линк – ТУКА. 

 

 

The post Данче Ефтимова, една од првите сликари на мурали: Насмевките на децата се неспоредливи со ниедно признание appeared first on Слободен печат.


Данче Ефтимова, една од првите сликари на мурали: Насмевките на децата се неспоредливи со ниедно признание was first posted on август 31, 2020 at 12:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....