12:39 - 23 јули, 2026

Сојлу: Турција ја напуштиле 36.776 мигранти

Турција досега преку Едрене ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти синоќа турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солју.

„До 21.02 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштиле 36.776 мигранти”, наведе Солју на Твитер, пренесе агенцијата Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно вчера изјави дека земјата и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите доколку продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.

-Што кажавме пред неколку месеци? Кажавме дека ќе мораме да ја отвориме нашата граница доколку кризата продолжи. Се вознемирија, но не ни поверуваа. Што направивме вчера? Ја отворивме. До изутринава границата ја минаа приближно 18.000 мигранти, кажа вчера Ердоган.

Притоа тој порача дека ЕУ мора да ги оддржи ветувањата кои и ги дала на Турција во врска со помошта во соочувањето со мигрантската криза.

The post Сојлу: Турција ја напуштиле 36.776 мигранти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....