3.8 C
Скопје
22:53 - 20 декември, 2024

Собранието во отказ, а сите земаат плата!

Ете не погоди корона вирусот, сите велат биле загрижени за здравјето на граѓаните па за таа висока цел се откажаа од терминот за предвремени избори за кој толку многу се бореа. Се откажаа, ама претходно се откажаа од пратеничките мандати, прогласија распуштање на Парламентот. И сега немало никаква можност повторно да се состанеле за да прогласат вонредна состојба и да ги одложат изборите. Зошто? Зашто биле под отказ!
Општо е познато кои се последиците ако си дадеш отказ од работа! Прво остануваш без плата. Второ немаш право ниту на надомест од Заводот за вработување. И трето ќе седиш дома додека не најдеш друга работа. Ако најдеш!?

И тоа е така за сите професии и занимања, за сите работни места по хоризонтала и по вертикала. Можеш да бидеш и обичен работник, можеш да бидеш и менаџер па дури и газда на фирма. Отказ е отказ, за секого.
Освен ако не си пратеник. Ова не важи само за пратеничката функција. Затоа сите сакаат да бидат пратеници.
Да си аргат, ќе мораш да рмбаш, да си инжењер ќе црташ, ако си новинар ќе трчаш угоре удолу по прес конференции, да си министер ќе министеруваш и ќе држиш прес конференции, ама да си пратеник не мораш од ништо да се разбираш, не мораш ништо да работиш. Ако не сакаш. Можеш само да седиш и да ќутиш. И ќе си добиваш солидна платичка. Плус, додаток за членство во комисија, плуууус патарина, плус станче во Скопје, па одвоен живот, па лаковани ципели, штикла и свилена чорапа, костимче/одело, кравата…

А мандатот ти е загарантиран на четири години -најмалку. Можда некогаш и јаче ако се продолжи мандатот поради некоја правно или деловнички нејасна работа, или ако нема некое „автентично толкување“ на законот. Дури и ако сакаш да си го прекинеш мандатот, т.е како што коментираат некои правници, „ако сте си дале отказ“, тоа за вас не важи. Има да земате плата се додека експертите не речат дека веќе ви е доста и дека други треба да дојдат на ваше место. И дотогаш, не само што ќе си земате плата не морате ни да работите. А и откако ќе ви заврши мандатот, ооп уште една година апанажа ви следи. За молчењето.
Уште подобор од пратеник е да бидеш пратеник, ама како го нарекуваат прв меѓу еднаквите, или Претседател на Собранието. Тој не само што ги има истите бенефиции туку и отповеќе. Тој е прв во Парлементот и втор човек според уставот во државата. Дури и кога ќе си даде отказ како и другите пратеници. И бидејќи е втор човек во државата има право да седи во своите претседателски простории во Собранието и да ги ужива сите дотогашни удобности на сметка на граѓаните: Кабинет, шеф на кабинет секретарка, портпарол, советник, преведувач, возач, кола, обезбедување…А сето ова за НИШТО обврска. Дури ни ако во државата се прогласи вонредна состојба, или ако не дај боже избие воена состојба. Тој нема обврска да прави нешто. Тој ви е како чувар на зградата на Собранието, само добро платен. И не знам зошто сеуште се нарекува Претседател на Собранието. Претседател на нешто што не постои!!!!

Значи дури и да е правно така како што велат некои експерти вклучувајќи го и досегашниот претседател на Собранието,  ако се сите под отказ тогаш сите надвор од зградата на Собранието и клуч на врата. А не да нишаш врата и да земаш плата!

The post Собранието во отказ, а сите земаат плата! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....