-5.2 C
Скопје
05:44 - 25 ноември, 2024

Со инјекција на 8 декември: САД за првпат ќе погубат жена по 1953 година

Американското Министерство за правда објави листа со предвидени смртни што ќе бидат извршени до крајот на годината. Во неа е заведена и Лиза Монтгомери, првата жена над која федералните власти ќе извршат егзекуција по 1953 година.

Фото: standard.co.uk

Монтгомери ќе биде погубена со инјекција на 8 декември, соопшти Министерството за правда на САД. Таа беше осудена за убиство во 2004 година кога задави трудница во Мисури, го исече нејзиниот стомак и го киднапира бебето.

Последната смртна казна врз жена во САД беше извршена на 18 декември во 1953 година. Во гасна комора тогаш беше погубена Бони Браун Хиди, осудена за убиство и киднапирање. Истата година за шпионаќа беше погубена и Етел Розенберг и нејзиниот сопруг Џулиус, пренесува РТС.

Лиза Монтгомери е осма личност оваа година над која федералните американски власти ќе извршат погубување. Истата судбина (со инјекција) го чека и Брендон Бернард, осуден за убиство на двајца мажи во воен резерват во Тексас во 1999 година. Обајцата моментно се наоѓаат во федералниот затвор во Индијана.

Федералните власти немаат извршено смртна казна од 2003 година, наведуваат американските медиуми, со потсетување дека администрацијата на Доналд Трамп ја прекина 17 годишната пауза.

Смртна казна во САД може да се извршува на федерално ниво, но и на ниво на сојузните држави. Таков облик на казнување е дозволен во 33 од 50 американски сојузни држави. Погубувањата на осуденици на федерално ниво не се вообичаени за што потврдува и статистиката според која 98 од пресудите се реализирани на ниво на сојузни држави.

Со одлука на Врховниот суд од 1972 година беа забранети смртните казни во САД за повторно да бидат воспоставени во 1988 година.

The post Со инјекција на 8 декември: САД за првпат ќе погубат жена по 1953 година appeared first on Слободен печат.


Со инјекција на 8 декември: САД за првпат ќе погубат жена по 1953 година was first posted on октомври 18, 2020 at 11:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....