13.8 C
Скопје
14:20 - 18 декември, 2024

Словенечки инфектолог: Со строгите мерки во Европа се спасени 60.000 животи

Социјалното дистанцирање и зголемувањето на капацитетот на болниците е единственото нешто што може во овој момент да го направиме во борбата против коронавирусот, смета словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Трампуж кој е раководител во инфективна болница во Берлин, смета дека со ригорозните мерки за изолација и подобрување на медицинските капацитети во Европа се спасени 60.000 животи.

Во интервју за словенечкиот весник „Дело”, Трампуж истакна дека потенцијалната вакцина за коронавирусот можеме да ја очекуваме до крајот на годинава или на почетокот на следната.

– Не можеме цела Европа да ја ставиме во карантин, но мора да го намалиме пренесувањето од човек на човек, а ограничувањата ќе мораат да се заоструваат се додека вирусот се шири, изјави Трампуж.

Инфектологот смета дека во Италија веќе се гледа пикот на епидемијата и дека очевидни се показателите дека епидемијата таму се става под контрола.

The post Словенечки инфектолог: Со строгите мерки во Европа се спасени 60.000 животи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....