22.8 C
Скопје
15:04 - 2 мај, 2024

СЛОБОДЕН УДАР: Ваучери за спорт или за спор?

Спортските ваучери, односно начинот на кој се доделени и начинот на кој треба да бидат реализирани, предизвикаа многу реaкции во спортската јавност. Имаше негативни, дури огорчени реагирања од одредени спортисти.

Пред сè, во прашање се доведени критериумите по кои се одредувала сумата на ваучерите. Неколкумина познати спортисти прашуваа дали селекцијата е направена врз основа на постигнати резултати или преку пријателства, молења или лобирања. Со чест на исклучоците, како што рече еден познат шампион во индивидуалните спортови. Друг национален шампион кој не добил ваучер, а уредно аплицирал, се прашува – зошто некои негови колеги со полоши резултати се „наградени“, а тој не? Познат спортски работник ни вели, не се бунтувам, но навистина сакам да знам, според кои критериуми…?

Идејата за спортските ваучери како начин за финансирање на спортот во Македонија во основа е добра, но нејзината реализација изгледа не е баш најсовршена. Иако има многумина кои се задоволни, сепак, не е занемарлив бројот на оние кои се чувствуваат онеправдени. Зошто јас добив помалку од овој или оној, а имам подобри резултати? Тоа е честа тема на разговор во спортските кругови. При доделување финансиски средства од државната каса, секогаш ќе има незадоволници. Сепак во случајов има и издржани забелешки. Ако се суди според нив, првата веројатно би била поголема транспарентност во начинот на распределба, со цел да се елиминираат сите врски, интервенции, протекции, на кои никогаш не сме биле имуни.

Има забелешки и поради неможноста да се реализираат тие ваучери, односно да се дојде до парите, кои тие ги „ветуваат“. Имено ваучерите не значат и автоматски пари во рака. Морате да си најдете фирма која ќе ве финансира, ќе ви ги даде предвидените пари за да ги искористи даночните бенефиции од тоа.

Многу спортски субјекти што имаат ваучери не знаат или не можат да ги реализираат. Односно не можат да најдат спонзор што ќе ги „покрие“ ваучерите. Некои не се ни упатени, па дури има и случаи кога некои клубови со ваучерите се упатувале во банка, мислејќи дека таму ќе можат да си ги подигнат парите. Секако, без успех. Поголемите и попознати клубови, федерации, спортисти, кои имаат спонзори зад себе, ќе се снајдат и ќе ги добијат парите. Но добар дел од оние помалите, поанонимните, а такви има многу, ќе останат без реализирани ваучери. Едноставно, не можат да најдат преку кого да ги реализираат. Што ќе им се тогаш ваучери в рака, ако нема пари?

Агенцијата за млади и спорт и Владата, кои ги доделуваат ваучерите, мораат да поработат уште на оваа тема, да бидат максимално транспарентни во целата постапка и да се симнат во „базата“ за да им ја објаснат целата постапка на спортските субјекти. Мора да им се помогне и на оние најкревките кои не можат да најдат начин да си ги реализираат ваучерите да дојдат до парите. За да можат сите праведно и според заслугите да го искористат спортскиот денар.

The post СЛОБОДЕН УДАР: Ваучери за спорт или за спор? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....