-3.2 C
Скопје
06:40 - 23 декември, 2024

СЛОБОДЕН УДАР: Кочијашкиот речник на Емил Јакимовски

По пет години моја оддалеченост и карантин од вокабуларот што се однесува на предизборната кампања и на меѓусебното „јадење“ поради спротиставени политички ставови, не ми останува ништо друго освен да констатирам недостиг на елементарно домашно воспитание.

Мими не станала пуританец, ама вакви зборови какви што ѝ се упатени на Мери Јордановска од функционерот од Централен регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Јакимовски, ме тераат да се истуширам. А фактот што тие зборови постојат во речникот на човек со просек 8,8 од факултет, зборува дека образованието и не е толку голема сила и моќ колку што се џентлментството, доброто срце и разумното употребување на енергиите што некој ги има во себе.

А знаете, не мора да биде така. Може да се има комплетно различен политички став со некој друг човек, да се работи на комплетно различни каузи и светот да се гледа низ сосема поинакви очила, но да надвладее човечноста и фактот што сите сме луѓе. И тоа би претставувало победа на двете страни, некој тип воспитание, повисока цел отколку колежот. Оти, што му вреди некому просекот кога паѓа на испитот наречен живот и губење на душата? Особено ако некому сите граѓани му ја даваат платата, зашто работи во државна институција. Тоа треба да му биде дополнителен, мотив плус да се очисти од шовинистички методи на комуникација.

Многу е назадно, што функцијата на некои луѓе не им е потсетник дека се тука за да им служат на другите луѓе во општеството, туку им е некаков вид апче за себевеличење и неполезна надменост. Има и уште поважен елемент во целата ситуација, а тоа е дека џентлментството нема цена кога некој маж ѝ се обраќа на жена! Не велам јас да ѝ отвара врата на Мери или да ѝ носи цвеќе со бајадери, ама кога се обраќаш на жена, не можеш како во соблекувална на стадион. Мислам, мене би ми било срам…

Ова е само последен во низата атаци врз новинари од луѓе што не ја почитуваат нивната професија, но што е поважно, не се ни почитуваат самите себеси штом си дозволуваат ниски удари, несоодветни, ниту за уличари. Кочијашкиот речник и заканите на Јакимовски биле причина против него да поднесат пријави до МВР дури и вработени во Централниот регистар, што ни упатува на тоа дека случајот со Мери Јордановска не е изолиран, туку е продолжение на навиката.

Ќе се најде ли некој да го санкционира ваквото поведение или и понатаму граѓаните ќе им ги полнат џебовите на функционери во јавни институции што не се кадарни ниту за воспитана меѓучовечка комуникација?

The post СЛОБОДЕН УДАР: Кочијашкиот речник на Емил Јакимовски appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....