16.8 C
Скопје
23:22 - 1 мај, 2024

СЛОБОДЕН УДАР: Коби беше Бог на кошарката

Во пресрет на Олимписките игри во 2012 година налетав на еден пресмешен твит. Некојси загреан навивач на американската кошаркарска репрезентација, на Коби Брајант му посака добар настап на Игрите со твитот – „Едвај чекам да видам како не ја подаваш топката“.

Таков беше Коби, опасно предвидлив. Секогаш со топката и секогаш најдобар.

Играше за само еден тим во кариерата – ЛА Лејкерс, од каде што успеа да го исфрли и легендарниот Шекил О’Нил, но не беше тимски играч. Тоа никако. До победите и титулите стигнуваше самиот, користејќи се само малку со помошта од соиграчите. Понекогаш имаше легенди покрај себе, а понекогаш прави дунстери, но тоа не му беше битно, Коби во сите ситуации победуваше. Толку беше здодевен, што не ме изненади ни кога на еден натпревар постигна 81 поен.

Сепак, на двапати успеа да излезе од шаблонот на својата едноликост. Да ме изненади, да ме извади од баланс. Првиот пат кога на сите светски ТВ-станици беше објавено дека тој е обвинет за силување. Светот во тој момент сфати дека Коби е од „крв и месо“, односно дека тој е човечко битие. Никој не поверува дека е силувач, што подоцна се докажа на суд, но дознавме дека и тој може да направи грешка, која ја исправаше со дијамантскиот прстен од пет милиони долари, наменет за неговата прекрасна сопруга.

Второто изненадување од Коби дојде завчера. Интернетот се „запали“ од веста дека тој загинал во хеликоптерска несреќа. Првата помисла ми беше дека боговите не умираат, дека нив не ги бие несреќа. Но, Коби беше Бог на кошарката. Неговиот живот е минлив, а само играта му е вечна.
Природата остана без една од своите најсовршени креации, а еволуцијата ќе мора навистина „својски да запне“, за да извади посовршен примерок од „Црната Мамба“.

П.С: Почивај во мир, Коби, и одиграј една партија „еден на еден“ со Дражен.

 

The post СЛОБОДЕН УДАР: Коби беше Бог на кошарката appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....