2.8 C
Скопје
14:43 - 23 декември, 2024

Следната генерација тенисери нека почека малку

Се сеќава ли некој на Давид Налбадијан, Енди Родик и Фелипе Гонзалес, на Карлос Моја, Хуан Карлос Фереро, Томи Робредо, Јарко Ниеминен, Доминик Хрбати или на Робин Содерлинг? Заедничко им е тоа што се тенисери, а втората работа што ги поврзува е несреќната околност да се натпреваруваат во ерата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Иако сите спомнати тенисери беа исклучително талентирани, сепак тешко дека некој ќе се присети на нив, кога за пет или десет години ќе се составува листа на најдобри тенисери.

Никој не го памети веќе ниту Давид Ферер, кој играше до минатата година, а своевремено беше еден од најдобрите на својата генерација. Слично е и со Томаш Бердих, кој до лани важеше за човекот што е паметно да се избегне до полуфиналето, а сега веќе никој не може да се сети со која рака го држеше рекетот, ниту, пак, некој знае дали располагаше со силен сервис или неговата игра ја красеше добар ритерн.

Има и посреќни тениски приказни. Марин Чилиќ во 2014 година триумфираше на „Флешинг медоуз“ во Њујорк, а дури три грен-слем титули освои Станислас Вавринка. Тешко дека овие двајца ќе бидат славени во иднина како големи тенисери, но секако дека имаат шанса да избегаат од вителот на заборавот, во кој нема место само да тројцата најголеми.

Инаку, до пред неколку години се говореше за „големата четворка“. Федерер, Надал и Ѓоковиќ имаа уште еден придружен член на својата „приватна“ турнеја, кој беше кадарен да ги победува на секоја подлога. Секако се сеќавате на Енди Мари, кого повредите полека го праќаат во тенискиот заборав.

Суровоста на „белиот спорт“ ја чувствува и новата генерација млади тенисери, која чекајќи да дојде на ред, почна да старее. Никој не може да каже дека Тим, Циципас, Медведев и Зверев не се талентирани или, пак, дека не се доволно добри за да се искачат на врвот од АТП-листата. Сервираат одлично и немаат проблем со размената на удари, но во финалните средби губат. Така беше и во последното финале одиграно во Мелбурн. Доминик Тим буквално го растури Новак Ѓоковиќ, му одржа час по тенис и на крајот го подигна послужавникот. Австриецот потоа кажа дека направил сè како што треба, дека ја одиграл својата најдобра игра и не му е јасно како загубил.

Ривалството на најдобрите тројца во историјата веројатно ќе потрае уште некоја година, а дотогаш помладите нека се стрпат, нека тренираат макотрпно, па откако ќе биде објавена пензијата на „тројката“, нека излезат на терен и во фер борба да покажат што знаат и умеат.

The post Следната генерација тенисери нека почека малку appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....