6.8 C
Скопје
11:56 - 22 декември, 2024

Скопскиот аеродром почна со работа: Првите патници долетаа од Истанбул (ФОТО)

Од денеска аеродромите во Скопје и Охрид повторно се отворени за летови на патнички авиони, по паузата која следуваше поради пандемијата со коронавирусот.

Првото слетување по паузата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ го имаше авионот на „Туркиш Ерлајнс“ , кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Веднаш по него и слета и авионот „Пегасус Ерлајнс“, исто така од Истанбул кој во Скопје донесе 125 патници.

На првиот ден од реотворањето на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Она што можевме да го видиме на самиот аеродром е дека се почитуваат мерките за социјална дистанца и сите задолжително носат заштитни маски, додека на самиот влез од терминалната зграда на аеродромот на сите патници им се мери телесна температура преку термални камери.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Покрај ова, насекаде се поставени и средства за дезинфекција за максимално одржување на хигиената, додека сите оние кои сакаат да патуваат потребно е најмалку три часа пред летот да пристигнат на аеродромот.

Според она што можевме да го слушнеме од патниците кои чекаат за лет, очигледно е дека тие се задоволни што конечно можат да патуваат, а велат дека почитувањето на мерките е нужно за целиот лет да се одвива без никакви проблеми и во најдобар можен ред.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

The post Скопскиот аеродром почна со работа: Првите патници долетаа од Истанбул (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Скопскиот аеродром почна со работа: Првите патници долетаа од Истанбул (ФОТО) was first posted on јули 1, 2020 at 1:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....