6.8 C
Скопје
12:49 - 26 декември, 2024

Штедете на политикантство, не на стопанство

Владата, повеќе или помалку успешно, ја следи линијата, која според претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, „го апсорбирала шокот“, предизвикан од пандемијата. Ги донесе и ги спроведе првите три пакет мерки, кои беа соодветен одговор на првите бранови од економските штети. Стотици илјади работни места беа спасени, а се обезбеди и помош за десетици илјади компании. Вредноста на пакет-мерките за поддршка на стопанството и на граѓаните изнесуваше 550 милиони евра.

И ако некако истуркавме дотука, економскиот опстанок станува сѐ понеизвесен поради новите бранови на ковид-19, кои изнудуваат воведување построги мерки. А, сѐ уште не се наѕира примената на четвртиот сет економски мерки. За да ја задржи и онака кревката економија, на власта ѝ недостигаат и време и пари, а третиот фактор, кој ѝ се испречи, е човечкиот (читај: опозицијата), која прави сѐ да се одолговлечи усвојувањето на ребалансот на Буџетот. Во меѓувреме, нервозата станува сѐ посилна. Пробиен е и рокот – до средината на октомври требаше да се изготват списоците на граѓани, кои треба да добијат платежна картичка. И тие зависат од ребалансот на Буџетот и од законските измени, кои сѐ уште не стигнале до Собранието.

А хистеријата на пазарот на трудот, гласно чука и на нашите врати. Од средината на март до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица. Само во септември бројот на невработени се зголеми за 2.239 лица. Работодавачите ги искористија своите резерви и порачуваат дека не е време да се тера политика. Обезбеденоста на производството со порачки за минатиот месец е пoнеповолна, залихите на готови производи се намалени. Угостителството, прехраната и транспортот се на крајот на силите.

Министерот за финансии Фатмир Бесими призна дека состојбата е сериозна. Колкави се димензиите на оваа криза во споредба со таа од 2009 и 2012 година, Бесими илустрира со податокот дека тогаш имавме пад на БДП од 0,6 проценти, а сега во првиот квартал имавме пад од 6,5 проценти, а во вториот од 12,7 проценти. И уште еден фрапантен податок – тогаш јавниот долг беше 26,7 проценти од БДП, а сега надмина 60.

Како ќе одговориме на предизвиците во претстојниот период, кога приоритет останува справувањето со здравствената криза, ќе се види според тоа колку сме ја заштитиле економијата и јавните финансии. Според оценките на ММФ, важно ќе биде и во текот на следните месеци да се дава поддршка на економијата, а мерките да бидат добро таргетирани, да имаат привремен карактер и да се спроведуваат на транспарентен начин. Банкарскиот сектор, којшто е носечки столб на финансискиот систем, треба и може да испорача клучна поддршка за економијата и во натамошниот период на ревитализација.

Само да не биде доцна и за граѓаните и за стопанството. Бидејќи „економската смртност“ на овој вирус ќе биде многу потешка, а последиците долготрајни. Значи, баталете политика. Усвојте го ребалансот на Буџетот и дајте да оживееме барем нешто, оти во спротивно ќе нема со што да работиме по оваа криза.

The post Штедете на политикантство, не на стопанство appeared first on Слободен печат.


Штедете на политикантство, не на стопанство was first posted on октомври 23, 2020 at 12:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....