14.8 C
Скопје
21:33 - 9 мај, 2024

Шпиц периоди и критични места – Ова се црните точки во сообраќајот во Македонија

Илјада казни за возачи и тоа во изминатите 48 часа напишале сообраќајните полицајци во Скопје. На територијата на Македонија оваа бројка е далеку поголема. Најголем број од казнетите се за управување на возило без возачка дозвола, технички неисправно возило и за возење под дејство на алкохол.

Од полицијата велат дека засилените контроли само ги потврдиле нивните сомневања дека во сите населени места многумина од возачите не го почитуваат Законот за безбедност на патниот сообраќај. Упатените велат дека освен човечкиот фактор, причина за големиот број на сообраќајки е и алкохолот, користењето на телефони додека се управува возило, заморот, непочитување на сообраќајните прописи, но и несоодветната обученост на младите возачи.

– Рутинските контроли на полицијата имаат за цел навреме да ги откријат опасностите во сообраќајот и да ги отстранат несовесните возачи и возила. Мора да нагласиме дека во изминатите 10 години на патиштата низ земјава се случиле 103.000 сообраќајни незгоди. Тоа не е мала бројка.

Околу 40.000 незгоди се со потешки последици, а останатите 62% се со материјална штета. На пример петок е ден во неделата со најголем број на сообрачќајни незгоди.

Фото: МВР

Според временската рамка во изминативе 10 години, низ улиците во населените места најголем број од сообраќајките се случиле во попладневните часови во пероид од 14 до 16 часот, а најмалку во раните утрински часови.

На патиштата надвор од населените места најкритично е од 16 до 18 часот. 

Во Скопје, најголем број од сообраќајките се случуваат на булеварите АВНОЈ, Илинден, Партизански одреди и Александар Македонски.

Надвор од градските средини пак „најопасно“ е на автопатот Велес-Скојпе, Тетово-Гостивар, Тетово-Скопје и на регионалните патишта Кичево-Охрид и Битола-Прилеп, додека најмногу несреќи се забележани и на магистралните патишта Гостивар-Кичево и Струмица-Радовиш – велат од полицијата.

Извор: МВР

Скопје, Битола, Велес и Кумановo се четирите најопасни градови во Македонија, каде според долгогодишните полициски анализи се случиле низа сообраќајни несреќи во кои имало најмногу загинати, повредени и била предизикана огромна материјална штета. Причините за големиот број на сообраќајни несреќи во овие четири градови, пред се во Скопје, се многу. Но, доколку се анализираат податоците и статистиките ќе се утврди дека човечкиот фактор е причина „број еден“ за црните статистики.

– Најголем број на сообраќајни незгоди со загинати или повредени лица, како и сообраќајки во кои имало потешки последици по учесниците во истите, се случени на територијата на град Скопје, на второто место е Битола, а на трето е Велес – велат од сообраќајната полиција.

Најмногу сообраќајни незгоди и прекршоци во Скопје се случуваат на раскрсници и по булеварите каде има две или три ленти. Во овие две ситуации најмногу не се почитувале правила и не била соодветна брзина на движење со условите во сообраќајот и патот.

– Кога говориме за непочитување на правила, мислам на сообраќајни правила кои се основа за управување на возило како првенство на премин, почитување на сообраќајни знаци и непрописно претекнување. Зад воланот на возилата кои учествувале во досегашните сообраќајни незгоди, во голем дел биле и возачи со мало возачко искуство – вели Сашо Петрески, експерт по сообраќај.

Извор: МВР

Годишно, 1,3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.  Околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, секоја година го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1.100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди.

 

The post Шпиц периоди и критични места – Ова се црните точки во сообраќајот во Македонија appeared first on Слободен печат.


Шпиц периоди и критични места – Ова се црните точки во сообраќајот во Македонија was first posted on ноември 5, 2020 at 1:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....