3.8 C
Скопје
13:04 - 23 декември, 2024

Семејните трпези ги заменија кафеанските ѓезмиња

Компаниите што произведуваат кондиторски производи и алкохолни пијалаци веќе чувствуваат значителни загуби, а тоа продолжува и понатаму и покрај отворањето на угостителските капацитети. Уште со почетните владини мерки против ширењето на корона-вирусот, кога рестораните смееја да извршуваат достава на храна, работите тргнаа надолу, а со правилото за задолжително растојание меѓу гостите, капацитети драстично се намалени, а прометот преполовен.  И статистички веќе е забележано намалување на прометот со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 13,8 проценти, а реално за 15,6 проценти.

– Во прехранбената индустрија најголем удар трпат производителите на кондиторски производи и на алкохолни пијалаци. Поради преполовениот промет, ваквата ситуација продолжува и сега, иако е отворен каналот на хотели, барови и ресторани. Поврзано со ковид-19, удар трпат производителите на сирење и кашкавал, особено помалите кои се ориентирани на продажба во ресторани и во кафеани. Големите преработувачи веќе чувствуваат одреден негативен одраз врз профитабилноста, бидејќи граѓаните се преориентираа кон купување поевтини производи и во поголеми формати, а тоа значи и помала профитабилност. Се појавуваат и првите знаци на нарушена ликвидност кај помалите малопродажни објекти и пекарници, а што секако верижно ќе предизвика реакција и кај преработувачите на млеко – вели Ѓорѓи Петрушев, претседател на Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Новите протоколи за работа на хотелите ја испратија во историјата шведската маса, а тоа автоматски влијае врз понудата на нивните кујни и набавки на храна.

– За оваа година останува да се работи со понуда од класичен континентален појадок, избор на главно јадење за ручек или вечера од неколку понуди на дневно мени, секако и ресторански услуги „а ла кард“ – вели Анета Бар, генерален директор на хотелот „Инекс Олгица“.

И домашните производители на пијалаци, се погодени од ограничувањата во време на корона-кризата. Дел од прехранбената индустрија со пиво и вино е исклучена и од можноста за плаќање со картичките за купување домашни производи. Таквата ситуација е поради фактот што државата не смее да стимулира промет со алкохол, кој е акцизна стока. Како и да е, домашните производители на безалкохолни и алкохолни пијалаци, страдаат и поради многубројните откажани манифестации, концерти и фестивали. Да не ги заборавиме и откажаните семејни прослави и свадбите. За некаков поголем промет во угостителството, надеж влеваат новите протоколи за сместување на повеќе гости на една маса.

Сепак, експертите се согласни дека поради специфичноста на производството и на дејноста, како и потребата од континуирано задоволување на основните потреби на луѓето со храна, не се очекува поголема криза во снабдувањето со основни прехранбени производи.

The post Семејните трпези ги заменија кафеанските ѓезмиња appeared first on Слободен печат.


Семејните трпези ги заменија кафеанските ѓезмиња was first posted on јули 17, 2020 at 7:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....