22:54 - 22 декември, 2024

Се предаде на полицијата еден од сопствениците на косовската фирма на чија сметка легнаа украдените милиони од Државната каса

Денес доброволно се предаде Карди Шаља кој е еден од споственицте на фирмата ЛДА Груп на чија сметка легнаа фамозните 2 милиони и 77 илјади евра од Државната каса на Косово.

Акција „метла“ во Приштина, Хоти отпушти директори на косовската полиција, царина и даночна управа

Косовската полиција потврди дека лицето кое до сега беше во бегство се предал и во моментов е на распит. Шаља е осомничен за вмешаност во трансфер на над 2 милиони евра од Министерството за финансии на Косово.

Минатата недела Основниот суд во Приштина му изрече триесет дневен притвор Лабинот Груда, службеник од ова министерство за кој се верува дека е вмешан во кражбата на парите. Обвинителството на Косово тврди дека Груда ги извршил неовластените трансфери на 9 октомври. Полицијата го уапси на 20 октомври.

Едномесечен притвор за лицето осомничено за кражба на над 2 милиони евра од Државната каса на Косово

За кражбата која се служи за осум минути во време кога службениците биле на пауза за ручек министерката за финансии, Хикмете Бајрами рече дека злосторството е сторено преку сајбер напад и дека се пробиени лозинки на службеници.

Хоти за скандалот од над 2 милиони евра: Измамниците ќе излезат на површина како стаорци кога ќе останат без вода

Косовскиот медиум Инсајдер објави истражување во кое се вели дека потојат основани сомневања дека бизнисменот Кадри Шала и уапсениот службеник од Министерството за финансии, Лабинот Груда веже подолго време планирале да избегаат во Турција.

Според доказите за кои овој медиум тврди дека се од полициски извори, дел од украдените пари, односно 340 илјади евра, фирмата ЛДА Груп ги префрлила на сметка на турска фирма „Vekoç Makine – Vekoç Makina Insaat“.

Косовскиот Инсајдер исто така објави дека сопственик на оваа фирма која се занимава со активности за обработка и производство на бетон е познатиот бизнисмен Вехби Коч.

Името Коч Холдинг кај нас е препознатливо по инвестицијата во трговскиот центар во Скопје, Рамстор.

The post Се предаде на полицијата еден од сопствениците на косовската фирма на чија сметка легнаа украдените милиони од Државната каса appeared first on Слободен печат.


Се предаде на полицијата еден од сопствениците на косовската фирма на чија сметка легнаа украдените милиони од Државната каса was first posted on октомври 26, 2020 at 5:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....