Теретаните и фитнес клубовите од денеска повторно почнуваат со работа, со тоа што сега се отворени вратите за сите кои сакаат да се рекреираат, но под посебни услови и според протоколот кој го утврди Владата.
Како последица на кризата со коронавирусот целата индустрија која вклучува теретани и фитнес центри, а во која работат околу 1.500 луѓе беше замрзната, па менаџерите останаа без приходи, а многу работници без плати и работни места.
Па така, сега, конечно, со олабавувањето на мерките дојде ред да се отворат и сите теретани и фитнес центри во земјава.
Владата го објави протоколот за работа според кој сите кои сакаат да вежбаат ќе можат да ги посетат овие објекти уште денеска, со тоа што на самиот влез е потребно да се означат правилата за однесување на вработените и корисниците на услугите.
Поставена ќе треба да биде и дезбариера на влез во клубот и бесконтакно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.
Просториите за вежбање задолжително ќе се проветруваат и дезинфецираат по неколку пати во текот на работниот ден, а сите вработени задолжително ќе носат заштитни маски и ракавици во текот на целото работно време.
Доколку сакате да одите на вежбање, според новите правила, непходно е од претходно да закажете термин за посета на клубот, како и задолжително да користите сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.
Наложено е и справите, опремата и реквизитите задолжително да се дезинфицираат после секој корисник.
Во случај да постои сомнеж некој од вработените, или пак од посетителите да има респираторни проблеми (температура кашлица и слично), одговорно лице е должно веднаш да го отстрани тоа лице од просториите на клубот.
The post Се отвораат теретаните и фитнес центрите, потребно е однапред да си закажете термин за вежбање appeared first on Слободен печат.
Се отвораат теретаните и фитнес центрите, потребно е однапред да си закажете термин за вежбање was first posted on јуни 26, 2020 at 1:20 pm.