20.8 C
Скопје
12:16 - 28 април, 2024

САД: Експериментален лек за коронавирусот дава резултати, луѓето заздравуваат за неколку дена

Пациентите кои го примиле експерименталниот лек „Ремдесивир“ закрепнале многу брзо од коронавирусот, а некои биле пуштени од болницата по неколку дена, јави Си-Ен-Ен.

Станува збор за пациенти кои имале сериозни симптоми и температура и биле дел од експериментален третман во болницата на Универзитетот во Чикаго. Тестирањето беше извршено врз 125 лица, а 113 од нив имале потешки форми на болеста. Сите 125 примале дневни дози на „Ремдесивир“.

„Загубивме само двајца пациенти, а мнозинството беше пуштено дома“, рече Кетлин Мулане, специјалист за третман со коронавирус.

Универзитетот во Чикаго најави дека ќе ги објави резултатите од експериментот по завршувањето на ваквиот третман и не даде дополнителен коментар.

Неуспешен против ебола, успешен против Ковид-19

Во светот сè уште не постои одобрена терапија за третман на ковид-19, но Националниот институт за здравство на САД започнува експериментални терапии со неколку лекови, од кои еднен е „Ремдесивир“. Истиот лек беше тестиран во третманот на ебола, но не беше успешен. Сепак, тестирањето покажа дека може да биде корисно во лекувањето на Ковид-19, САРС и МЕРС.

СЗО во февруари објави дека „Ремдесивир“ има потенцијал за лекување на коронавирусот.

„Повеќето од нашите пациенти се лекуваат во просек за шест дена, што ни кажува дека терапијата може да трае помалку од десет дена“, рече Мулане.

Проблемот со нејзиниот експериментален третман е што не постои контролна група, така што засега нивните резултати немаат со што да се споредат и сè уште не е можно да се утврди дали пациентите се навистина излечени. „Гилеад“, американската компанија која го измислила лекот, го спонзорира тестирањето кај 2.400 пациенти на 152 локации низ целиот свет, вклучувајќи 1.600 пациенти со умерени симптоми. Компанијата соопшти дека очекуваат резултати од тестот до крајот на месецот.

„Ние разбираме колку е итен лекот за„ ковид-19 “и ние сме свесни дека „Ремидесивир“ покажува добри резултати“, велат од компанијата за „Си-ен-ен“.

The post САД: Експериментален лек за коронавирусот дава резултати, луѓето заздравуваат за неколку дена appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....