Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун продолжува да работи, објави шефот на Одборот на Руската дума за односи со таа држава, Казбеј Таисајев.
Тој рекол дека Ким Џонг-ун испратил поздрави на претседателот на Јужна Африка што е негова лична порака.
– Човекот продолжува да работи, а тие работи што ги пишуваат за неговото влошено здравје, мислам дека се погрешни, рекол Таисајев.
Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста од 11 април, кога одржа состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја.
Потоа, Ким Џонг-ун не присуствуваше на церемонијата на 15 април, кога се одбележува роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.
Медиумите во Северна Кореја во последно време објавуваат дека Ким испраќа дипломатски писма и дека доделува поклони на заслужните граѓани, но ниту една фотографија од неговите активности не е објавена повеќе од две недели.
The post Русите дефинитивно ја разрешија мистеријата: Ким Џонг-ун е жив? appeared first on Слободен печат.