11.8 C
Скопје
21:56 - 19 април, 2024

Во Турција го најдоа виновникот за коронавирусот – хомосексуалците

Претседателот на турската Дирекција за верски прашања „Дианет“, Али Ербас, е познат по своето конзервативно толкување на исламот. Според критичарите, неговиот поглед на светот не одговара на времето во кое живееме. Ербас останува верен на самиот себе: во својата прва проповед за  Рамазан, тој го поврза избувнувањето на пандемијата со коронавирусниот со хомосексуалноста и целибатот. „Поради нив, гние поколението и доаѓаат болести“, рече тој, не заборавајќи да истакне дека исламот не ја прифаќа хомосексуалноста.

Изјавата на Ербас предизвика бес во секуларните кругови на турското општество – правници, политичари и јавни личности кои го обвинија дека сторил кривично дело така што преку говор на омраза широко ги отворил вратите за дискриминација, пишува Дојче Веле. Сепак, според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ербас едноставно ја извршил својата должност.

„Проценката е во согласност со исламот и Куранот“, рече тој во понеделникот. Претседателот е согласен дека изјавата на шефот на верската управа, која е директно подредена на него, е „правилна од горе до доле“.

Хомофобијата и исламот

Ердоган ја обвини адвокатската комора во Анкара која ја критикуваше изјавата на Ербас дека на тој начин ги нападнала исламот и турската држава. Во својата декларација, од комората, нагласија дека дека хомофобичните изјави на Ербас не се изолиран инцидент и потсетија дека тој повеќе пати штител детски силувачи и женомрзачи.

Позицијата на адвокатите предизвика дебата за хомофобијата и исламската традиција. На Твитер, приврзаниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) започнаа со споделување на хаштагот „Али Ербас не е сам“. Со слични публикации излегоа и портпаролите на Ердоган и АКП. Вториот ги опиша изјавите на адвокатската комора како „фашистички и необразовани“. Набргу потоа, државното обвинителство започна истрага за организацијата за „навреда на верските вредности што ги споделуваат голем број од населението“.

Омразата ќе го легитимира насилството

Според Елифан Демиртас, адвокат и експерт за ЛГБТИ права, истрагата е „тажен пример за тоа колку е раширена омразата веќе“. Таа верува дека ваквите изјави, кои ги обвинуваат луѓето со различни сексуални ориентации за пандемијата, ќе го легитимираат насилството.

Тврдењето на Ербас е „ненаучно и дискриминирачко против ЛГБТИ заедницата. Дианет треба да стане повеќе свесна за својата одговорност пред општеството “, рече Јилдиз Тар од КАОС ГЛ, организација за борба против дискриминација.

Проблемите на ЛГБТИ заедницата во Турција не се од вчера. На Парадата на гордоста во Истанбул минатото лето, избија судири меѓу учесниците на парадата и полицијата. Органите на редот се обидоа да ја растераат толпата со солзавец и гумени палки.

The post Во Турција го најдоа виновникот за коронавирусот – хомосексуалците appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....