21.8 C
Скопје
16:53 - 17 мај, 2024

Резултати од ковид истрага во Австрија: Како вирусот од скијалиште се прошири во 40 земји во светот?

Пропусти, задоцнувања, забошотувања и низа превиди кои стигнаа до австрискиот канцелар Себастијан Курц. Независна комисија на стручни лица во покраината Тирол, во Инсбрук објави заклучоци од својата истрага за случајот „Ишгл“, пишува „Дојче Веле“.

Во документот на 287 страници се опишува како властите дозволиле местоот да стане жариште на коронавирусот. Извештајот поставува и прашање кој ќе преземе политичка одговорност за тоа. Покраинската влада на Тирол досега предизвикуваше внимание, пред сè, со тоа што отфрлаше одговорност.

– Властите направија се исправно“, тврдеше Бернард Тилг, покраински министер за здравство, на 16 март оваа година и тоа го повтори 11 пати за време на настап на австриска ТВ куќа.

Тоа беше три дена пред илјадници туристи да „избегаат“ од карантин во Ишгл. Од таму, ковид-19 се прошири во 40 земји во светот. Првите случаи на Исланд се појавија, откако туристи кои биле на скијање во Норвешка почнаа да говорат за „скијачка епидемија“. Случаи на трансмисија на вирусот од Ишгл беа забележани и во Германија.

Премиерот на покраинската Влада на Тирол, Гинтер Платер, летоска, сепак, призна грешки, но истовремено тврдеше дека сите одлуки се носени „со најголема одговорност во однос на тогашните сознанија“.

Неточно соопштение за медиуми

Разврската на случајот Ишгл се следи на меѓународно ниво, бидејќи многумина го сметаат како пример за погрешно постапување на почетокот на ширење на епидемијата. „Њујорк Тајмс“ неодамна објави текст за Ишгл и улогата на забави време на пандемија.

Објавувањето на резултатите на Комисијата го следеа 35 новинари од Австрија и странство. Претседателот на Роналд Рорер претстави временски приказ на вестите, почнувајќи од инфицираните туристи на Исланд.

Кризниот менаџмент во таа фаза очигледно направил „тешки пропусти“, тврдеа Рорер и неговите пет колеги. Соопштението за медијми на тиролската влада беше „неточно и лошо“, погрешна беше и дозволата за нови забави во угостителскиот објект „Кицлох“, а одлуката за запирање на скијачките жичници на 13 март беше задоцнета.

Трчање во скијачки чизми

Хаосот што настана тој петок, на 13 март, Рорер го претстави на основа на извештај на еден очевидец: туристите ги фрлиле скиите пред местото за изнајмување, некои трчаа до своите автомобили со скијачки чизми за да избегнат карантин.

Сојузниот австриски канцелар Себастијан Курц нареди карантин на прес-конференција во 14.15 часот, иако не е беше надлежен за тоа и иако тоа не беше договорено со локалните власти.

Тоа не е само фактичко, туку и правно проблематично, се вели во извештајот на Комисијата. Најавата на Курц спречи „смислена епидемиолошка контрола.

The post Резултати од ковид истрага во Австрија: Како вирусот од скијалиште се прошири во 40 земји во светот? appeared first on Слободен печат.


Резултати од ковид истрага во Австрија: Како вирусот од скијалиште се прошири во 40 земји во светот? was first posted on октомври 13, 2020 at 7:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....