Родителите на социјалните мрежи повторно реагираат за старите учебници кои се пренесуваат од генерација на генерација, а на кои им недостасуваат корици и страници и од кои нивните деца треба да учат и оваа година.
Неколку корисници на Твитер и Фејсбук и оваа година го искажаа незадоволството од изгледот на учебниците кои ги добиле, а кои се искинати и им недостасуваат страници.
„Ги земавме учебниците“, пишува револтиран родител на Фејсбук, објавувајќи фотографија подолу од стари и искинати учебници по македонски јазик и историја и додава: „Супер е тоа шо се пренесува од генерација на генерација, но мислам дека мора да се заменуваат ваквите кои се партали. Фалат страни, лом се“.
Ги земавме учебниците pic.twitter.com/RuRsl5OCrO
— МилаШила (@MilaShila9) September 25, 2020
Друг родител на Фејсбук исто така реагира за старите учебници, истакнувајќи дека овие учебници им се делат на учениците во училиштата.
„Еве ова им се дава на учениците по школите!!! „Партал“, пишува во статусот под кој е објавена фотографија од неколку стари и искинати учебници.
За состојбата со старите искинати учебници го контактиравме и Министерството за образование и наука, од каде засега немаме одговор зошто учениците и натаму учат од вакви учебници.
The post РЕАКЦИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Учениците повторно ќе учат од „партал“ учебници (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
РЕАКЦИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Учениците повторно ќе учат од „партал“ учебници (ФОТО) was first posted on септември 25, 2020 at 4:09 pm.