15.8 C
Скопје
11:42 - 26 април, 2024

Ракетирања и протести: Кризата на Блискиот Исток не ескалира, но не се ни смирува

Иран изведе нов ракетен напад врз ирачка база со американски војници. Тој бил изведен од повеќецевните ракетни системи „Катјуша“ истрелани врз базата „ал-Таџ“, во кој биле ранети двајца Ирачани. Претходно во неделата беше ракетирана воената база „Балад“, во која што исто така има американски војници, додека главнината од контингентот на САД во Ирак е изведен од земјата, анализира за Утрински брифинг на „Слободен печат“, новинарот Дејан Андоновиќ.

Во меѓувреме продолжуваат протестите низ улиците на иранската престолнина Техеран каде неколку дена неколку илјади демонстранти протестираат против иранските власти барајќи оставка од претседателот Рохани и ајатолахот Али Хамнеи откако војската призна дека урнала украински патнички авион по грешка.

Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран. Се претпоставува дека зад овие протести стојат САД а како дополнителна потврда е и повикот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика иранските власти да не ги апсат и убиваат своите граѓани чие демократско право е да протестираат.

Како контра одговор на овие протести Техеран преку својот шиитски верски лидер за Ирак, Моктада АЛ Садр започна со организирање на протести низ улиците на Багдад, барајќи напуштање на американските војници на Ирак. Неговиот повик е упатен во време кога во Ирак се одржуваат демонстрации, што почнаа во октомври против ирачките власти, обвинувајќи ги дека се неспособни и корумпирани и против растечкото влијание на Иран.

По убиството на Сулејмани и Мохандис демонстрантите исто така ги осудуваат САД дека ќе го одведат Ирак во хаос.

Ирачкиот Парламент на 5 јануари побара американските трупи да го напуштат Ирак, а проиранските фракции ги нарекоа американските војници окупациски сили.

И додека САД организира протести против уривањето на украинскиот патнички авион во кој загинаа 170 патници, Иран со помош на Москва се обидува да докаже дека убиениот генерал Касем Сулејмани бил ликвидиран додека бил во легална дипломатска мисија како претставник на Техеран, а не како разузнавачки командант. Помош во докажувањето на оваа информација дојде и од Москва чиј шеф на дипломатијата Сергеј Лавров ги обвини САД дека извеле нелегална ликвидација на висок ирански функционер како и дека Вашингтон се однесува еднострано со повлекувањето од договорот за неширење на атомското оружје.

Дополнително во обвинувањата се приклучија и демократите. Одборот за надворешна политика при Претставничкиот дом одржа сослушување посветено на политиката на САД кон Иран, на кое се разгледува и воздушниот напад при кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

На сослушувањето се очекуваше да присуствува и американскиот државен секретар Мајк Помпео, но тој не се појави.

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да го напушти нуклеарниот договор со Иран и да воведе засилени санкции против земјата. беше оценето како несовесна постапка, со оглед на тоа дека земјата ги почитуваше условите на Договорот, што повеќепати беше потврдено од Меѓународната агенција за атомска енергија. Излезот на САД од Договорот го направи регионот на Блиски Исток и светот понесигурен и понебезбеден гласи заклучокот од сослушувањето.

А дека се разгорува предизборната кампања во САД доаѓа и информацијата од американската компанија за сајбер безбедност дека наводно руски воени хакери се обиделе да ја украдат електронската пошта на синот на кандидатот на демократите за претседател Џо Бајден. Според овие информации мета на нападот на руските воени хакери била електронската пошта на Хантер Бајден кој се наоѓа на челното место на  украинската енергетска компанија „Burisma Holdings Ltd“.

Иако е нејасно што барале руските хакери, експертите на САД сметаат дека веројатно се бараат информации кои би го компромитирале Бајден во пресрет на пресрет на претседателските избори во САД.

The post Ракетирања и протести: Кризата на Блискиот Исток не ескалира, но не се ни смирува appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....