Полицијата во Вест Палм Бич на Флорида пукала по инцидентот кој се случил на имотот Мар-а-Лаго на американскиот претседател, Доналд Трамп.
На пукањето му претходела бркотница со автомобили. Полицијата бркала црно теренско возило кое возело пребрзо кон пултот на обезбедувањето на Мар-а-Лаго.
Според шерофот, возачот на теренското возило поминало низ два контролни пункта по што полицијата почнала да пука.
По пукотниците, полицијата го лоцирала возилото, а приведени се две лица. Се уште не е познато дали некој е повреден во инцидентот.
The post Пукање на имотот на Трамп: Приведени две лица appeared first on Слободен печат.