-1.2 C
Скопје
08:05 - 19 декември, 2024

ПСИХИЈАТРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После секоја криза, следи криза на ментални болести

Најдобар начин граѓаните да го сочуваат менталното здравје е да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за да се избегне епидемијата на страв и на социјална изолација што побрзо, советува доктор Стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија.

– Што повеќе граѓаните ги почитуваат мерките, толку побрзо ќе излеземе од кризата. На пример, ако се сузбие епидемијата, нема повеќе граѓаните да треба да работат од дома и тоа многу ќе помогне за нивното ментално здравје, бидејќи работата не е само работа, туку и социјална интеракција. Нема да имаме страв и анксиозност кај оние луѓе кои што имаат голем број на информации за коронавирусот, или кај поголемиот дел од популацијата кој е свесен за опасноста и ги почитува мерките, и кој е загрижен за ширењето на пандемијата. Тие што имаат реални сознанија што оваа пандемија значи, се поисплашени реално. Работата под наплив на големи опасности во некои сектори, како во здравството на пример, исто така влијае на нивното ментално здравје, вели докторот.

Бајрактаров додава дека во првиот период од два месеци, кога беа воведени карантинот и другите заштитни мерки на социјална изолација, имало намален интензитет на пациенти кои се јавиле поради влошување на менталното здравје.

– Но, како продолжува времетраењето, се зголемува бројот на граѓани со проблеми во однос на психичкото здравје, со пораст на невротски состојби, фобични стравови, депресија и други афективни растројства, вели тој.

Директорот на Клиниката за психијатрија додава дека луѓето со опсесивно компулсивни растројства, во овој период изразиле став дека им е тешко да се справат со ситуацијата и почесто се јавувале на контрола во установата.

– Немаме официјални бројки за бројот на самоубиствата, така што не можам да кажам дали пораснал или се намалил. Но, МВР излезе со точна бројка дека има пораст на семејното насилство што е индикатор за влошување на менталното здравје на населението и тоа е за очекување во вакви околности. Оние кои се склони кон семејно насилство кога се затворени дома со жртвата, имаат повеќе простор да го манифестираат тоа насилство, додава доктор Бајрактаров.

Определени категории на пациенти се навистина со влошена психичка состојба поради пандемијата.

– Ако има повторен бран, ќе треба да се работи уште повеќе на едукација на населението, на описменување во однос на менталното здравје и подобрување н општите знаења, како да си го сочува менталното здравје, на пример, да се има физичка активност и да го структурираме времето, да се внимава на исхраната, да воведуваме продуктивни активности во домашни услови. За очекување е дека многу ќе бидат под ризик фамилиите со деца, доколку се случи да не се отворат училиштата. Исто така, возрасните луѓе, пензионерите, здравствените работници и оние кои се сами, сите тие живеат со страв. Седењето дома пак го влошува и соматското и психичкото здравје и сето тоа е еден магичен круг, посочува тој.

Клиниката за психијатрија во периодот на пандемијата работела со зголемен интензитет.

– Од првиот момент воведовме телепсихијатрија, но пациeнтите исто така доаѓаат и во самата клиника, чекалната ни е секогаш полна во дворот. Имаме зголемен наплив на пациенти и не сме прекинале воопшто со работа и преку Мој термин, и преку телефонските линии за психолошка помош за различни групи на граќани или лица под ризик, постојано работиме со полн капацитет. После било која криза, следува уште поголема пандемија на ментални болести и тоа е нешто кое е за очекување. Затоа, мора да се почитуваат мерките за превенција и да излеземе од ова што побрзо – вели доктор Бајрактаров.

The post ПСИХИЈАТРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После секоја криза, следи криза на ментални болести appeared first on Слободен печат.


ПСИХИЈАТРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После секоја криза, следи криза на ментални болести was first posted on јули 13, 2020 at 1:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....