14.8 C
Скопје
10:08 - 27 април, 2024

Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја отфрли поканата за средба во скопскиот хотел Парк од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Му порачаа, ако има смелост, да организира средба наредната недела откако ќе се знае кој ќе состави нова Влада.

– Начелно немаме ништо против такви средби но сметаме дека оваа средба која ја бара ДУИ е без дневен ред. Би прифатиле покана но, со друг датум, на пример, наредната недела кога се ќе биде појасно околу тоа кој ќе формира парламентарно мнозинство, – велат во Алтернатива.

Од Колицијата Алијанса и Алтернатива велат дека доколку бидат поканети на нова средба, ќе побараат дневен ред за точките за кои ќе биде разговарано.

– Зошто би оделе на средба со која ќе се бара поддршка за премиер Албанец кога ние веќе јавно кажавме дека ја даваме поддршката Насер Зибери да биде премиер. Средбата Ахмети симболично ја свика на денот на Охридскиот договор, но Рамковниот за нас е мртов, бидејќи не е навреме реализиран. Тоа е аргумент плус зошто нема да одиме на утрешната пладневна средба во организација на ДУИ, – велат во Алтернатива.

Ахмети ги покани лидерите на Алијанса, Алтернатива, Беса и ДПА во четврток на годишнината од Рамковниот договор да седнат и да разговараат за постизборната состојба. Од БЕСА и ДПА се недостапни за одговор дали ја прифатиле поканта на ДУИ за средба на денот на Охридскиот договор. Од Владата велат дека нема да има свеченост по повод одбележување на годишнината од Охридскиот договор, поради пандемијата од Ковид 19. За значењето на Рамковниот ќе има обраќање во јавноста на министерот за политички систем Садула Дураку.

The post Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети appeared first on Слободен печат.


Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети was first posted on август 12, 2020 at 1:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....