7.8 C
Скопје
17:04 - 18 декември, 2024

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Ели Танасковска, уредничка и водителка во МТВ

Додека мнозинството луѓе се во домашна изолација, ти си секојдевно на работа, во студиото на Македонската телевизија. Како гледаш на ова ново време? 

– Планетата Земја се рестартира, веројатно сама тргна наназад , кога сите толку ја брзавме да врти беззглаво. Време е да правиме дијалог сами со себе, да слушнеме додека трае полицискиот час како пеат птиците. И не само како пеат…туку и слободно шетаат низ тревниците. Како прв пат да гледаме како се буди природата, зашто бевме преокупирани со толку споредни работи.

Да бидам искрена, воопшто не ми паѓа тешко седењето дома. Одам на работа преку еден ден. Правиме прилози за утринската програма на МТВ.  Јас, уживам во една мала креативна група, полна со емпатија и пријателство. Време е за духовни прегратки и физичка дистанца. Океанот е празен , ама сите изданија на утринската програма се полни со интересни  содржини. Никогаш не сум добила повеке комплименти , пофалби и илјадници прегледи како за прилогот „Сите сме деца на планетата, Земја.“

Odvojte malce vreme i slushnete ja ovaa prekrasna prikazna ! Se shto se sluchuva denes …Mojata majka <3 Tekst : Eli TanaskovskaMontazha : Vladimir Angjelov

Publiée par Leonna Tanaskovski sur Vendredi 27 mars 2020

Ете, се обединивме во размислувањата.

За мене ова време на дистанцирање, карантин, изолација е време на инспирација. Можеби многумина се чудеа како толку снег падна во април, јас се претворив во поглед и од мене протекоа стихови. Да, за мене ова е ново време и нови инспирации. Доцна во ноќта, по разговорите со мојата ќерка и внука од Канада, кои ми се вистински еликсир и радост, останувам и пишувам. За љубовта пишувам, за тоа каква голтка наслада е. За децата, за животните пишувам. И тоа ми дава спокој!

Нормално, ги следам препораките. Кратко затанувам да купам нешто што сум заборавила, го шетам миленикот и потоа доаѓа време за забава. Леона е еден невиден феномен. Во секоја ситуација мотивира и шири позитива. Никогаш не верував дека ќе ме тера да рапувам, да учам хип хоп … И да ме трансформира како да не сум јас. Ми направи и неколку изненадувања, со експерименти на која бев целата полиена со вода. Ама , ете, тоа ќе го паметиме засекогаш. Го прославивме роденденот на мојот сопруг Златко, пригодно со тоалет торта (се смее, н.з), Леона ја подготви.

Дали си креативна и во кујната, експериментираш ли со рецептите?

– Многу време поминувам во кујната. Правам по неколку јадења на ден. Имам повеќе време. Ете ,ми успеа да направам врањански самси, пита гужвара, тегнати печива, сарми, бурита… Освен самсите, за ова другото сум експерт. Леона пак, е мајстор за палачинки, овошни колачи, торти.

Како се занимавате навечер, гледате филмови, играте друштвени игри?

– Леона, Стефан и Златко секоја вечер играат јамб, потоа гледаме филмови. Ете јас го препорачувам ” „Book club”  со Џејн Фонда, Дајан Китон, Кендис Берген , Енди Гарсија…една лесна комедија со омилени актери.

Што ќе им препорачаш на семејствата, за нивните деца во домашна изолација? 

– Би сакала, на семејствата од срце да им ја препорачам емисијата „Тв училница“ на Македонската телевизија со почеток во 9.10 часот, каде основците можат да учат. Утринската програма (6.45 часот), која е едукативна и полна со информации, како и емисијата „Узус“ , со колешката Ленче , која ете, на најпрофесионален начин ни го доближува литературниот македонски јазик и правила кои можеби треба да ги повториме. Сигурна сум дека ова невреме ќе не направи подобри луѓе, да се сакаме и почитуваме повеќе.

 

The post ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Ели Танасковска, уредничка и водителка во МТВ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....