2.8 C
Скопје
19:40 - 18 декември, 2024

Пред 31 година падна Берлинскиот ѕид: Професор успеал да побегне од Источна Германија, ова е неговата приказна

Денеска се одбележуваат 31 година од падот на Берлинскиот ѕид кога дојде до повторно обединување на Германија. Еден професор по историја раскажа како тој и неговото семејство побегнале од Источна Германија и како овој настан и натаму продолжува да го обликува современиот свет.

Хартмут Мархолд, предавач за интеграции во ЕУ на турско-германскиот универзитет со седиште во Истанбул и почесен професор на Универзитетот во Келн е роден 1953 година, само три месеци по смртта на советскиот лидер Јосиф Сталин.

Во тоа време, како што рече во интервју за агенцијата Анадолу, надежите за повторно обединување на Германија се уште не беа целосно урнати.

Беше тоа историски момент на „неизмерна, иако тајна или приватна радост и надеж во Источна Германија“, момент во кој се „чинеше дека помирување е можно или дека се можни барем реформи“, рече Мархолд, кој исто така е и автор на неколку книги.

Сепак, работите кон крајот на деценијата нагло се завртеа и родителите на Мархолд одлучиле да ја напуштат Источна Германија зошто нивните „надежи конечно биле закопани“, рече тој.

Фрагмент од Берлинскиот ѕид/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Неговиот татко е означен како „политички неподобен“ зошто, и покрај тоа што бил одличен ракометар, одбил да преземе улога во претставувањето на владеачката Комунистичка партија во демонстрациите.

Бидејќи неговиот татко не бил подготвен да се приближи кон комунистичките верувања, ускратено му било високото образование и последично на тоа било каква професионална карера, објасни Мархолд.

И сето тоа се случуваше кога сакав да одам во училиште, моментот кога децата требаше да се образуваат да станат лажливци. Она што беше правилно на училиште, погрешно беше дома и обратно, рече тој.

Како резултат на тоа неговите родители се одлучиле да заминат. Тоа и натаму било можно преку Берлин, каде патувањето со јавен транспорт било можно меѓу Истокот и Западот доколку не покажете никаков знак дека не сакате да се вратите.

Симболично поставување цвеќе на секоја годишнина од падот на Берлинскиот ѕид/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Но, за да им успее тоа, не смееле да носат багаж, да имаат комуникација со родителите или со децата зошто полицијата од Источен Берлин ги одвојувала децата од родителите и ги испитувала.

– Моите родители им рекоа дека сме биле на одмор, сме посетувале замоци и паркови со големи фонтани, рече тој.

Сето тоа стана многу потешко на почетокот од 1961 година, кога градот почна да го дели Берлинскиот ѕид.

Мархолд имал 6 години кога неговото семејство ја напуштило Источна Германија.

Но се вративме многу пати во нашето семејство штом тоа беше дозволено, од 1971 година. Дотогаш не сметаа за криминалци на Истокот, зошто бегството е злосторство, наведе тој.

Од прославата на 30-годишнината на од падот на Берлинскиот ѕид минатата година/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во западниот дел од Германија прво живееле кај татка во Хановер. Неколку месеци поминале заедно, четири лица во еднособен стан, а потоа се преселиле во Бремен. Неговиот татко студирал Архитектура, а потоа повторно сите се преселиле во Хановер.

По животот во Германија, а потоа и во еден француски град, Мархоле имал 40 години кога „конечно се скрасил“.

Падот на железната завеса

Падот на Берлинскиот ѕид ги отвори вратите за повторно обединување на Германија. За Мархолд тоа бил настан полн со симболика и големо историско значење.

– До некоја мера настанот се прошири на целиот свет, зошто тоа беше почеток на крајот на биполарниот свет, рече тој мислејќи на студената војна меѓу САД и СССР.

Меѓутоа, вели дека за Германија задачата за повторно обединување била многу потешка отколку што сугерирал ентузијазмот од првите месеци и години, рече тој.

– Иако и натаму зборуваа со ист јазик, населението на Истокот и Западот главно меѓусебе се игнорираше. Постоеја илузии за состојбата на источногерманската економија на Запад, за психолошките потешкотии на луѓето кои некогаш се потчинувале на автократска власт, наведува тој.

Овој длабок раскол останува проблем и до ден денес, вели тој.

Кога на 9. ноември 1989 година конечно падна Ѕидот, Мархолд живеел во Франција со сопругата и двете деца.

Уметничка инсталација на Татјана Луданик во музејскиот парк на уметноста во Москва, Русија/ 12 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

– Ги гледавме значајните настани на телевизија, а нашиот постар син, тогаш 4-годишно дете, не виде мојата сопруга и мене во солзи кога гледавме како Берлинците од Исток ја преминуваат границата, наведе тој.

Иако жалеле што во тој момент не биле во Германија, во текот на вечерта примиле многу телефонски повици од пријатели кои им честитале на среќниот момент.

Како што вели, падот на ѕидот е блескав и чудесен момент во историјата, „пробив за слобода и самоопределување, поединечно и колективно“.

– Но слободата и самоопределувањето исто така значат и дека секој е слободен да бира свој начин. Биполарниот свет е заменет со мултиполарен, наведе тој.

Преземено од Слободен печат

The post Пред 31 година падна Берлинскиот ѕид: Професор успеал да побегне од Источна Германија, ова е неговата приказна appeared first on Слободен печат.


Пред 31 година падна Берлинскиот ѕид: Професор успеал да побегне од Источна Германија, ова е неговата приказна was first posted on ноември 9, 2020 at 10:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....