Синоќа околу 19 часот лекари од Ковид центарот во ГОБ 8 Септември пријавиле дека неколку лица сериозно им се заканувале по живот, а причина било тоа што лицето Б.Ф од скопско починала во болницата позитивна на Ковид 19.
Откако дошла полицијата на лице место, на паркингот пред ГОБ 8 Септември биле затекнати повеќе лица, при што полицајците спровеле мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати и Б.Ш од Скопје и Б.С, синови на починатата, кои сакале насилно да го земат телото на починатата.
Лицето Б.С. Е приведено во полициска станица Гази Баба поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација, констатирано е дека не го почитувал решението и е позитивен на Ковид 19. Единицата за внатрешни работи Аердором и полициската станица Драчево изготвиле решение за државен карантин, строга изолациа и истиот од полициска станица е пренесен во државен карантин на сопствен трошол и против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО по член 206 од Кривичниот законик.
The post Позитивен на Ковид наместо да седи дома, дошол во ГОБ ,,8 Септември” и се заканувал на лекарка по живот по што бил спроведен во државен карантин appeared first on Слободен печат.
Позитивен на Ковид наместо да седи дома, дошол во ГОБ ,,8 Септември” и се заканувал на лекарка по живот по што бил спроведен во државен карантин was first posted on јули 1, 2020 at 11:56 am.