8.8 C
Скопје
01:11 - 28 октомври, 2026

Откриен голем гаф со кој Меган го засрамила принцот Хари

Новата книга за животите на членовите на британското кралско семејство наведува дека Меган Маркл го засрамила принцот Хари пред семејстворо и тоа на венчавката на принцезата Евгенија.

Меган Маркл го довела принцот Хари во многу непријатна ситуација кога за време на венчавката на принцезата Еугенија открила пред сите дека е бремена, па така направила огромен општествен гаф и ги разбеснила невестата и нејзината мајка Сара Фергусон, пишува во „Royals At War“, новата книга за животите на членовите на кралското семејство на Дилан Хауард и Енди Тилет.

„Меган избрза, одлучувајќи дека тоа е идеален момент да објави дека таа и Хари го чекаат своето прво дете. Тоа беше голема грешка, би била дури и во случај да не беа членови на кралското семејство. Го украдоа сето внимание од невестата Еугенија. Таа беше бесна, како и нејзината мајка Сара Фергусон“, тврдат авторите и додаваат дека на принцот Хари поради тоа му било многу непријатно.

Profimedia

Со остатокот од светот веста за бременоста ја споделиле во пресрет на првата кралска турнеја по Австралија и Нов Зеланд. Тогаш наидоа на критика од обожавателите токму поради терминот за кој се одлучил да објават дека го чекаат првото дете.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....