Телата на три лица се пронајдени по пожарот кој изби денеска во објект кој припаѓа на кинескиот технолошки гигант Хуавеј во градот Донгуан, соопштиле локалните власти.
Тие претходно наведоа дека немало настрадани во пожарот.
Пожарот ја зафати челичната конструкција на зграда во изградба, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија на Хуавеј, која не била користена во моментот кога се случил инцидентот, наведоа локалните власти.
Пожарникарите го изгаснале пожарот.
Кинеските државни медиуми пренесоа дека пожарот избил во истражувачката лабораторија Хуавеј. Хуавеј не одговори на прашањата од медиумите.
The post Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел appeared first on Слободен печат.
Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел was first posted on септември 25, 2020 at 8:29 pm.