На местото на кое утрово се урна авион на Војската на Србија, во село Брасина, меѓу Мали Зворник и Бања Ковиљача, се наоѓаат противопожарна и полициска екипа.
Местото на падот на авионот го надлетуваат и воени и полициски хеликотери, а станува збор за непристапен, шумовит терен, објавува Б92.
Според првичните неофицијални информации од местото на настанот, од двата пилоти еден се катапултирал и за него се трага, додека медиумите наведуваат дека другиот настрадал. Сепак, РТС пренесува неофицијална информација дека ниту еден пилот не успеал да се катапултира. „Новости“ објавуваат дека покрај целосно уништеното летало пронајдени се и делови од тела.
Засега нема официјални информации за состојбата на дата пилоти кои се наоѓале во авионот кој се урна.
РТС јавува дека во болница е примено едно лице веднаш по несреќата. Станува збор за машко лице, родено 1961 година со изгореници на градниот кош, главата и рацете. Освен тоа нема други повреди и е во свесна состојба.
Лицето В. Т. од селото Брасина, во чиј двор се урнал авионот МИГ 21 на српската армија утрово околу 9 часот, за време на несреќата бил во дворот и се здобил со повреди, јавуваат медиумите.
„Витомир беше во неговиот двор кога се урна авионот! Во тој момент се здоби со изгореници, а излезе и друг сосед кој слушнал врева и видел густ чад. Веднаш го пренесе во локалната болница и засега не е познато дали неговиот живот е во опасност“, вели очевидец на оваа голема катастрофа.
Локалното население, не памети ваква трагедија.
Fotografije sa lica mjesta potvrđuju pad Miga-21 (foto) – https://t.co/5DOs4tNMCm #Brasina #Loznica #Mig21 #PaoAvion #Srbija
— Zvornik Danas (@ZvornikDanas) September 25, 2020
РТС наведе дека Војската им наложила на новинарите да се оддалечат од местото на несреќата, и дури им рекле и да не известуваат за тоа.
Во меѓувреме се огласи Министерството за надворешни работи кое соопшти дека авионот кој денеска се урнал, пред полетувањето бил прегледан темелно и констатирано е дека е во исправна состојба.
На местото на падот на Миг-21 во село Брасина кај Мали Зворник, се наоѓа министерот за одбра на Александар Вулин, началникот на Генералштабот Милан Мојсиловиќ и командантот на военото воздухопловство и ПВО генерал – мајор Душко Жарковиќ.
The post Потресно сведоштво: На Витомир му падна авион во дворот – се трага по пилотите, надлежните молчат (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Потресно сведоштво: На Витомир му падна авион во дворот – се трага по пилотите, надлежните молчат (ВИДЕО) was first posted on септември 25, 2020 at 1:20 pm.