Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса (71) помогнал при спасувањето на две жени чиј кајак се превртел во покраината Алгарве, објави Би Би Си.
На фотографијата се гледа како претседателот плива кон жените кои се однесени од морските струи.
Подоцна на новинарите им рекол дека струите ги одвлекле од плажата.
#Insolite : Le président du Portugal , Marcelo Rebelo de Sousa, sauve deux petites filles emportées par la marée, après que leur canoë se soit retourné en bord de mer !
La scène à été filmé par la chaîne portugaise SIC, en plein reportage pour promouvoir le tourisme ! pic.twitter.com/qM3gTNqqJn
— NOVA PORTUGAL (@NVPORTUGAL) August 16, 2020
Претседателот Ребело де Соуса моментално е на одмор во јужната покраина Алгарве, со што го помага португалскиот туризам.
Marcelo Rebelo de Sousa: Marcelo ajuda duas jovens em dificuldades no mar do Algarve https://t.co/yy4Q0KGqrp
— Público Política (@P_Politica) August 15, 2020
Економијата на Португалија многу зависи од туристичкиот сектор кој е силно погоден од пандемијата на коронавирус.
Претседателот разговарал со новинарите на плажата Праја до Алвор, откако им помогнал на жените во неволја. Снимен е како плива до нив за да им помогне.
До нив претходно стигнал маж кој се обидел да ја заврти кајакот, а на помош пристигнало и лице на џет-ски, наведува Би Би Си.
The post Португалскиот претседател (71) помогна во спасувањето на две жени на море (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Португалскиот претседател (71) помогна во спасувањето на две жени на море (ВИДЕО) was first posted on август 17, 2020 at 8:42 pm.