30.5 C
Скопје
16:59 - 10 јули, 2026

Поранешен македонски борач позитивен на коронавирус

Поранешниот македонски борач, а сега селектор на нашата репрезентација во грчко-римски стил, Љубиша Пешко се бори против коронавирусот.

Оваа информација ја потврдија од Ветераните борачи на Македонија на својата фејсбук страница:

– Короната удри и по најсилните. Да дадеме поддршка на нашиот колега, борач и тренер, Љубиша Пешко.

Тој е прв позитивен од Ковид-19 меѓу спортистите, тренерите од нашата држава.

Ова е негова нова голема борба, од болничкиот кревет порача со кренат палец дека нема предавање и оди на победа.

Станува збор за поранешен македонски и југословенски репрезентативец, еден од најуспешните во овој спорт.

Своевремено учествуваше на европските и светски шампионати во категоријата до 74 кг. Беше дел од Спартак Руен (Кочани) и Бучим Јака (Радовиш), а исто така соработуваше и со боречкиот клуб Вардар.

The post Поранешен македонски борач позитивен на коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....