12.8 C
Скопје
08:00 - 30 април, 2024

Порака пред влез во ресторан за туристи од Хрватска доведе до меѓудржавен спор: Реагираше и амбасадорот во Австрија

На влез во ресторан во Австрија, Грац била истакната забрана за влез за туристи кои доаѓаат од Хрватска на одмор, а токму тој потег го принуди да реагира и Даниел Глунчиќ, хрватскиот амбасадор во оваа земја.

Во понеделникот Франц Ерарт, реагирајќи на постојано растечкиот број на новозаразени луѓе кои се вратиле од одмор од Хрватска во Австрија, поставил известување пред својот ресторан „Нема влез за оние кои се вратиле од Хрватска“.

Овој потег доведе до меѓудржавен спор.

– Тоа го направив поради грижата за постојаните гости“, рекол Ерарт, додавајќи дека нема ништо против оние кои биле на одмор во Хрватска, но дека сака да го заштити здравјето на своите гости. Ја поддржувам владата, а владата рече дека вирусот се внесува со автомобили од Хрватска во Австрија. Никој од моите гости не сака да се зарази – објасни тој.

Амбасадорот на Хрватска истакна дека во ова кризно време треба да се биде солидарен, а не да се шири страв и некој да се навредува.

The post Порака пред влез во ресторан за туристи од Хрватска доведе до меѓудржавен спор: Реагираше и амбасадорот во Австрија appeared first on Слободен печат.


Порака пред влез во ресторан за туристи од Хрватска доведе до меѓудржавен спор: Реагираше и амбасадорот во Австрија was first posted on август 20, 2020 at 1:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....