3.8 C
Скопје
23:22 - 20 декември, 2024

Поради владините мерки, ефектите од пандемијата врз невработеноста ќе бидат привремени

Македонската економија годинава ќе забележи пад 3,4 проценти, но во следните три години, растот на БДП ќе оди над 4 проценти. Ефектите на пандемијата врз невработеноста се очекуваат да бидат ограничени на оваа година, поради времениот карактер, но и поради владините мерки за зачувување на работните места, но во 2022 година, стапката на невработеност ќе биде повисока за 1,2 процентни поени, а просечната стапка на вработеноста ќе биде пониска за 1,1 процентни поени. Министерството за финансии во Фискалната стратегија 2021-2023 година, посочува дека клучни ризици се времетраењето на кризата, што негативно ќе се одрази и на македонската економија, но во основното сценарио, ефектите од здравствената криза се сметаат за привремени. Пандемијата си го стори своето, па оттука и најновиот фискален документ споредено со Ревидираната фискална стратегија на РСМ 2020-2022, покажува поголеми отстапувања што се однесува до макроекономските проекции за 2020 и 2021 година. Сепак, за 2022 година отстапувањата се незначителни.

Владата планира намалување на вкупните расходи, а ќе се намалува и буџетскиот дефицит – од 6,8 проценти од БДП во 2020 година на 2 проценти од БДП во 2023 година. Минусот ќе се финансира со нови домашни и со странски позајмици. Приходите, пак, кои доста беа погодени во кризата се планирани на 30 отсто од БДП во следните години. Владата планира реформи и во даночната и во пензиската сфера, но нема прецизни детали за тоа. Останува идејата за праведен данок, а прогресивното оданочување е ставено во мирување.

– Економското заздравување кое се предвидува да почне во последниот квартал од 2020 година, со исцрпување на неповолните ефекти од коронавирусот, но и ниската споредбена основа, се очекува да продолжи со засилено темпо во текот на 2021 година, при што е проектиран економски раст од 4,8 проценти, што претставува нагорна ревизија од 0,7 процентни поени во однос претходната проекција – стои во фискалниот документ.

Во 2021 година се предвидува раст на економската активност, којшто е сличен со проекцијата во претходната Фискална стратегија, вклучително и во однос на двигателите на економскиот раст. Ефектите на пандемијата врз пазарот на работна сила се очекува да бидат ограничени во 2020 година. Проекциите за растот на платите во периодот 2020-2022 година се пониски за 3,4 процентни поени во просек годишно во однос на претходните проекции, што најмногу се должи на ревидираната проекција за 2020 година. Стапката на инфлација во 2020 година е проектирана на -0,2 проценти, наспроти очекувањата за раст на потрошувачките цени. Инфлацијата во 2021 година е проектирана на 1,3 проценти, а во 2022 година се очекува инфлација од 1,7 проценти, при очекувано нагорно придвижување на странската ефективна инфлација и светските цени на дел од примарните производи, но споредено со претходните проекции во просек инфлацијата е пониска за 0,5 процентни поени, анализираат од Министерството за финансии.

Заклучно со март, државниот долг изнесува 4,57 милијарди евра, односно 41,8 проценти од БДП. Вкупниот јавен долг го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговски друштва во доминантна или целосна државна сопственост до 31 март е 5,56 милијарди евра, што претставува 50,7 отсто од БДП. Во стратегијата нема проекции за следните години. Подетални проекции за движењето на државниот и јавниот долг ќе бидат презентирани во Стратегијата за управување со јавен долг за 2021-2023 година.

The post Поради владините мерки, ефектите од пандемијата врз невработеноста ќе бидат привремени appeared first on Слободен печат.


Поради владините мерки, ефектите од пандемијата врз невработеноста ќе бидат привремени was first posted on август 1, 2020 at 9:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....