3.8 C
Скопје
15:21 - 20 декември, 2024

Полицајци им дошепнувале на сопственици на кафулиња дека доаѓа инспекција на журка за да „се разбегаат по дома”

Полицајци им биле доушници на газдите на кафулињата кои организирале ноќни забави без протоколи. Наместо да соработуваат со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, тие им дојавувале на газдите на кафулињата дека инспекцијата доаѓа за да се затвори кафулето или дискотеката и на тој начин да се избегне казната од 2.000 евра која следува за секој трговски објект што ќе организира забава без протокол. Ова за „Слободен печат” го тврди Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

– Сметајте дека ние испративме инспектори во ноќниот бар Калипсо во Прилеп, но додека дошле, некој им дојавил дека доаѓаме и тие затвориле и си отишле. Некогаш и полицајците им кажуваат, зашто полицајци или се содружници, или се сопственици, а друг им е управител во нивните објекти и тоа најмногу се случува во Тетово и Гостивар, изјави Пауновски за Слободен печат.

Полицијата, како што тврди Пауновски, има поголеми ресурси и капацитети да ги разбива организираните прослави кои земаат голем замав овие денови, особено свадбите што се случуваат во изнајмени куќи, приватни вили, во викендици и на приватен имот. На вакви места, пазарниот инспекторат нема буквално никакви ингеренции да влезе и да санкционира, како што тоа може да го направи во угостителските објекти, како рестораните, кафулињата и дискотеките.

Така, вчера попладнето, инспекторите добиле информација дека во скопско Идризово се подготвува свадба со многу гости, а добиле и фотографија од поставувањето на бина со светлечки елементи и рефлектори, како за на концерт која се спремала за истиот настан.

Пауновски испратил екипа инспектори на лице место, но тие дошле до влезната порта, констатирале дека се работи за приватен имот и си заминале.

-Тоа беше свадба во приватна куќа и ние немаме право, ниту надлежност да влеземе и да санкционираме таков голем собир. Веднаш ја информиравме полицијата. Ние имаме ресурси од 120 луѓе на терен, а МВР има 20.000 луѓе и тоа во секое населено место така што требало тие да постапат, ни рече директорот.

Прашавме во МВР дали тие испратиле своја екипа на терен, со оглед на тоа што имале и пријава и надлежност да ја ,,растурат” свадбата. Оттаму н иодговорија дека вчера во полициска станица Гази Баба граѓанин пријавил дека има свадба во село Идризово со гласна музика и пукање со огнено оружје.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, извршиле проверки на улиците 3 и 4 во селото и не забележале ни гласна музика ни собирање ни пукање со огнено оружје“, велат од МВР.

Неофицијално, свадбата тралеа до 10 часот вечерта, имало кетеринг и поставени шатори со свечени маси. Во пазарна инспекција има и двајца инспектори што се задолжени да ги следат социјалните мрежи каде добиваат дојави за забави свадби и други свечености во локалите, кои се одвиваат надвор од секој протокол. Но, услов да се изрече казна е да се фати журката на лице место, а тоа некогаш не се случува, па толпите се разбегуваат пред да стапнат инспекторите во локалите.

Пауновски тврди дека во предизборната кампања, односно една недела пред да се оджат изборите, инспекторите не влегувале во кафулињата и не казнувале никого, за да се одбегне впечаток дека вршат притисок врз сопственици на овие локали кои се од сите политички партии. Ова всушност, многу ги охрабрило газдите на локалите да продолжат со тоа темпо од пред недела дена, кога немало строги инспекциски контроли и затворања на локали.

Имаме прекинато четири или пет свадби во Гостивар и во Тетово. Некој човек во Камењане поделил покани за свадба што ја планирал, зашто некој од владата го излажал дека после избори ќе може да се прават свадби. Но, подоцна кога дозна дека тоа не е точно, рече дека ќе ја одложат веселбата за другата година. И граѓаните се во незавидна положба.

The post Полицајци им дошепнувале на сопственици на кафулиња дека доаѓа инспекција на журка за да „се разбегаат по дома” appeared first on Слободен печат.


Полицајци им дошепнувале на сопственици на кафулиња дека доаѓа инспекција на журка за да „се разбегаат по дома” was first posted on јули 21, 2020 at 12:29 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....