14.8 C
Скопје
21:06 - 5 мај, 2024

Почна предизборен „бомбашки“ атак: По аудио снимките за „Рекет“, сега се пуштаат и за Ден Дончев

Изминатите пет дена македонската јавност е „бомбардирана“ од тајни и незаконски снимени аудио и видео материјали.  Сопствениците или пак снимателите на овие незаконски материјали засега се непознати за јавноста. Голем дел од овие материјали се со лош аудио-видео материјал. На нив се гледа или се слуша само еден од двајцата соговорници. Во одреден дел дури и тонот од говорот на лицето кое е таргетирано, односно тајно снимано, е со лош квалитет.

Од Министерството за внатрешни рабори и од Основното јавно обвинителство велат дека засега ни по службена должност, ниту пак по јавно допрен глас немаат започнато истрага за потеклото и откривањето на „сопственоста“ на овие снимки.

Засега само едно е јасно, велат упатените, а тоа е дека актуелната власт и опозиција, во веќе започнатиот изборен период, меѓу другото почнаа тајна пресметка со аудио и видео „бомби“ трудејќи се секојдневно меѓусебно да се оцрнуваат во јавноста.

Досега, на каналот Јутјуб се објавени аудио снимки на кои наводно се слуша гласот на лице кое беше сведок во аферата „Рекет“, односно адвокатот Васил Димишков, па следеше снимка за која се тврди дека е разговор помеѓу екс директорот на УБК Сашо Мијалков и судијка, а денеска беа објавени две аудио и една видео снимка на која се слуша гласот за кој се тврди дека е на Ден Дончев, поранешниот директор на Фондот за здравство.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција одговори и на новинарско прашање поврзано со случајот „Рекет“, односно за последните објавени снимки на кои наводно се слушаат гласовите на адвокатот Васил Димишков и на Зоран Милевски Кичеец.

– Овие 4 милиони, 6 милиони, 8 милиони, јас, вие, а веројатно и поголем дел од граѓаните не знаеме да ги напишеме, а тие со таква леснотија ги споменуваат. Ова кај мене остави впечаток дека мора да се промени. Конекциите меѓу адвокатите, судиите, обвинители, влијателни луѓе мора да заврши. Затоа ветивме прочистување преку ветингот. Мора да има и санкции и одговорност за судиите и обвинителите, како и одземање на лиценци на адвокатите – истакна Заев.

Претседателот на СДСМ, за денешните објавени аудио-снимки во кои наводно се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, а  во кои се споменува и адвокатот Филип Медарски, тврди дека се извадени од контекст затоа што, според лидерот на владејачката партија, се работи за ангажман на адвокатот во меѓусебен спор во Тотал ТВ, а не за случај за дијализниот центар „Дијамед Македонија“ и за продажбата на неговата концесија.

– Медарски, многу често и адвокат на СДСМ, имал предмет во кој сопственици на Тотал ТВ имале меѓусебни пријави во полиција, која постапувала по Тотал ТВ, а тој бил застапник на еден од нив. Еден од сопствениците на Тотал ТВ е пријател и на Ден Дончев, па зборувале за него – рече Заев.

Тој тврди дека ги слушнал аудио-снимките и дека Медарски не бил вклучен во никакви релации со „Дијаверум“. Заев наведе и дека ВМРО-ДПМНЕ стои позади овие снимки и дека неговата партија ќе излезе подоцна со детали за овој случај.

 

The post Почна предизборен „бомбашки“ атак: По аудио снимките за „Рекет“, сега се пуштаат и за Ден Дончев appeared first on Слободен печат.


Почна предизборен „бомбашки“ атак: По аудио снимките за „Рекет“, сега се пуштаат и за Ден Дончев was first posted on јуни 22, 2020 at 2:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....