Пулмологот Трајче Нешковски почина откако попладнево околу 16 часот добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво. Веднаш по страотната сообраќајка со амбулантно возило бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде и починал.
Нешковски почина на 32 годишна возраст. Тој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле.
Функционерите на СДСМ преку социјалните мрежи се простуваат со пулмологот, кој беше и генерален секретар на СДММ.
Пратеникот Коста Костадинов на Фејсбук напиша дека темелот на СДММ го поставувале заедно.
„За момент помислив дека е само лош сон, ама не било. Целото другарство, темелот на СДММ го поставувавме заедно, еден и единствен Трајче. Не сакам да верувам, но кој не прашува нас овде. Бог да те прости брат, другар Трајче…До некое следно видување“, напиша Костадинов.
„Почивај во мир Трајче. Сочувство до семејството“, напиша Спасовски.
„Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!“, напиша министерката Шекеринска.
Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!
Publiée par Radmila Sekerinska sur Mercredi 14 octobre 2020
The post Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски appeared first on Слободен печат.
Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски was first posted on октомври 14, 2020 at 8:19 pm.