-0.2 C
Скопје
05:50 - 28 ноември, 2024

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Скандалозна полициска бруталност ги остави со чувство на горчина сите што вчеравечер го погледнаа видеото објавено на социјалните мрежи, а во кое полициски службеници маченички тепаат Роми во Битола. Инцидентот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и го оцени како „незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници“.

„Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, одговори МВР на прашањето на „Слободен печат“.

АВАЈА: „Во полициска станица до 5 наутро“

За инцидентот алармираше Елвис Шаќири од граѓанската иницијатива АВАJА. Според Шаќири, Ромите во вторникот имале сообраќајка, по што биле претепани од сообраќајната полиција во Битола.

– Тројцата Роми со автомобил удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, дошла на местото на настанот и без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и почнале брутално да ги тепаат – изјави Шаќири.

Според Шаќири, жртвите, татко и син, се здобиле со сериозни повреди: едното лице е со пукната аркада, другото имало внатрешно крварење.

Ромите се идентификувани со име и презиме и рекоа дека причината за сообраќајната несреќа била тоа што биле пијани во автомобилот, по што удриле во бетонскиот ѕид. Но, како што сведочат таткото, синот и третото лице од автомобилот, тие очекувале полицијата да им помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да ги тепа.

Воочливо е дека таткото и синот се здобиле со потешки телесни повреди, а третиот сопатник е со пукната аркада на лицето.

Според нивното сведоштво, тие биле задржани во полициска станица до 5 часот наутро. Веднаш по пристигнувањето во станицата, тие биле малтретирани и омаловажувани, навредувани и тепани.

– Во полицијата никој не нè прегледа. Вода побарав, не добив, се шегуваа и се изживуваа со нас како да сме стока – вели претепаниот татко.

Шаќири од АВАЈА тврди дека тепаните побарале помош во болницата, но таму не добиле соодветна документација за повредите од инцидентот.

– Ова е уште еден доказ за дискриминацијата со која се соочуваат Ромите во општеството. Правдата ќе ја бараме докрај, бидејќи ова не е ниту прв, а најверојатно ниту последен ваков случај. Ќе поднесеме претставка до Секторот за внатрешна контрола при МВР и до Народниот правобранител – вели Шаќири, кој тврди дека тепаните се упатиле во битолската болница каде што побарале помош, но таму не добиле соодветна документација за повредите од инцидентот.

Деманти од болницата

Откако „Слободен печат“ побара одговор од Клиничката болница во Битола дали е вистина дека Ромите што биле нападни од полицијата не добиле соодветна медицинска документација за прегледите во истоимената болница, оттаму одговорија со соопштение:

„Утрото, на 22 септември, околу 1.30 часот, со возило на Итна помош биле донесени две лица во Ургентна медицина. Станувало збор за пациенти што имале сообраќајна незгода и биле доста вербално агресивни и хостилни и со недолични зборови се обраќале кон обезбедувањето и медицинскиот персонал. Веднаш биле прегледани од дежурниот лекар и поради повредите препратени на Ортопедија и трауматологија. Тука ги прегледал дежурен лекар, евидентирани се повреди, извршена е тоалета и препишана соодветна терапија. Едно од лицата било испратено на рендген, каде што е утврдено дека има фрактура на левата рака, поставена е имобилизација и дадена соодветна терапија. Во ниеден момент не било одбиено каква било интервенција врз пациентите. Третиот пациент бил замолен да почека, бидејќи во моментот имало итна интервенција поради стенокардија кај друг пациент. Бил прегледан на Ургентна и упатен на Одделение за очни болести каде што е направена интервенција и била евидентирана состојбата. Сите податоци се во електронскиот систем, во медицинскиот извештај.“

„…Сериозно ја сфаќаме грижата за пациентите и сите ги третираме еднакво, без оглед на верска и на етничка припадност. Не дозволуваме да бидеме поврзувани и обвинувани за каква било дискриминација“, пишува во соопштението на болницата во Битола.

Осуди од Заев и од Хелсиншки

На Фејсбук, чинот на насилство го прокоментира и премиерот Зоран Заев.

„Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата што пристигна од јавноста.

Заев побара „одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот“, по веста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР работи на тоа да го утврди идентитетот на учесниците на овој „исклучително немил настан“, како што го нарече.

„Очекувам многу бргу, по утврдените околности, да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот“, пишува во објавата на Заев.

Осуда и барања за одговорност имаше и од Хелсиншкиот комитет за човекови права:

„Снимката покажува дека непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, продолжува да биде честа практика на полицијата. Најостро го осудуваме ваквото однесување. Изразуваме голема загриженост за зачестеноста на полициската бруталност врз ромската заедница. Инцидентот во Битола се случува само три месеци по полициската бруталност врз бездомни лица Роми, кои живеат под Железничката станица во Скопје“, пишува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

The post Пендрекот лесно се крева врз Роми appeared first on Слободен печат.


Пендрекот лесно се крева врз Роми was first posted on септември 25, 2020 at 9:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....