Не постои полковник во ниту една Армија кој во медиуми се расправа за политика со министерот за одбрана, истакна претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи ја најавата на министерката Радмила Шекеринска за измени во Законот за служба во Армијата, откако полковникот Драган Ковачки стана член на Извршниот комитет во ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски додава дека на овој начин се руши кредибилитетот на Армијата, а прашањето за партиската функција на Драган Ковачки било покренато и на неодамнешниот Совет за безбедност.
– Тоа е ситуација без преседан која мора час поскоро да се надмине. Срамна е за луѓето што ја прават, но е и девастирачка за имиџот на институциите. Ако најавените измени во Законот за служба во Армијата се во оваа насока, поддржувам каква било потребна нормативна измена што тоа ќе го спречи. Ако сте кандидат на избори, во време на кампањата сте ослободени од армиските должности и во тој период сте политичар или кандидат за политичка функција, истакна претседателот Пендаровски велејќи дека станува збор за ситуација без преседан.
Вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека ова прашање треба законски да се регулира, без да се влијае на можноста некој да навива или членува во одредени политички партии, но според неа, неприфатливо е униформата да биде дел од партиските раководни структури.
По најавата на министерката го контактиравме и новоизбраниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој истакна дека не е време за политичка изјава, бидејќи во моментот извршувал службени задачи во Министерството за одбрана.
(ВИДЕО) Шекеринска до полковникот Ковачки: Да не ја ставаме политиката над Армијата!
The post Пендаровски: Партиската функција на Ковачки е ситуација без преседан appeared first on Слободен печат.
Пендаровски: Партиската функција на Ковачки е ситуација без преседан was first posted on септември 25, 2020 at 3:37 pm.