22.8 C
Скопје
20:25 - 18 мај, 2024

Паника во Холандија: Работник се заразил со коронавирусот од диво животинче

Работник на канадска фарма за куни, каде се одгледуваат куни за извоз на нивното крзно, се заразил со коронавирусот од малите диви животинки, рече холандската министерка за земјоделство во писмо до парламентот.

Коронавирусот за прв пат е регистриран на фарми каде се одгледуваат куни во месец април, откако чуварите забележале дека некои животни имаат потешкотии при дишењето.

Упатствата на министерството во кое се вели дека луѓето можат да ги заразат животните, но не и обратно, биле погрешни, признала министерката, Карола Шутен во писмото до парламентот.

Таа додала дека Институтот за јавно здравје сè уште смета дека можноста за пренесување на вирусот надвор од кафезите е минимална.

Таа не доставила детали за состојбата на заразениот работник.

Канадското крзно од куни се продава на кинескиот, корејскиот, грчкиот и турскиот пазар, потсетува Ројтерс.

Во 2013 година, холандската влада, под притисок на активистите за правата на животните, забрани отворање на нови канадски фарми за одгледување куни и најави затворање на постојните до 2024 година.

The post Паника во Холандија: Работник се заразил со коронавирусот од диво животинче appeared first on Слободен печат.


Паника во Холандија: Работник се заразил со коронавирусот од диво животинче was first posted on мај 20, 2020 at 10:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....