21.8 C
Скопје
13:39 - 2 мај, 2024

Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО)

Игор Гречишкин, руски државјанин со наводно живеалиште во Лимасол, на Кипар е сопственик на несреќниот брод кој пренесувал опасен товар, а седум години подоцна експлодираше во Бејрут и предизвика незамисливо уништување во градот.

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Станува збор, за 2.750 тони амониум нитрат, хемиско соединение кои инаку се користи како вештачко ѓубриво, но во одредени ситуации може да се користи како експлозив – или од наеднаш да експлодира, како што за жал и се случи во бејрутското пристаниште.

Ѓубривото, имено во хангарот во пристаништето било складирано од 2014 година, до денес без безбедносни мерки за да се спречи катастрофата која се случи.

Со тој товар бродот под молдавско знаме МВ Росуд заглавил во бејрутското пристаниште во октомври 2013 година. Но крајната дестинација на бродот кој испловил од Батуми во Грузија, воопшто не бил Либан, туку Мозамбик.

Меѓутоа, како што известува Си Ен Ен врз база на документите кои ги добил на увид, капетанот Борис Прокошев го запрел бродот во Грција за да наполни гориво кога сопствнеико Гречушкин, наводно директор на фирмата Тето Шипинг, му јавил дека на компанијата и снемало пари и дека во Бејрут ќе мора да собере дополнителен товар за да се покријат патните трошоци.

Рускиот портал на англиски Јазик Сајбиријан Тајмс пак пишува дека бродот во Бејрут застанал поради дефект.

Во секој случај, кога бродот пристигна во Бејрут, локалните пристаништни власти го задржале поради „груби прекршоци во управувањето со пловило“, односно „недостаток на документи и услови нужни за превоз“, неплатен надомест за пристаништето и поплаки на руската и украинската посада.

Посадата составена од осум Украинци и двајца Руси била присилена да остане на бродот а сопственикот Грчушкин прогласил банкрот и го “оставил бродот“, тврди посадата. Либанските власти на крајот пуштиле шест од десет членови на посадата да излезат од бродот, а четворица останале заробени на бродот полн со експлозивен товар речиси година дена.

„Сопственикот на бродот Игор Гречишкин практично го напушти бродот и преостанатата посада. Не ни обезбеди пари ( за трошоци и плати), целосно не лиши од секакви средства за комуникација“, напиша капетанот Прокошев во јуни 2014 година во очајната молба до меѓународните организациим дипломатските власти на Украина и пристаништните власти во Бејрут, апелирајќи да го пуштат него и неговите морнари од бродот на кој биле заробени.
Игор Гречушкин / Фото: Screenshot: Ren TV

Ни рече дека банкротирал, и ако не му верував, најважно од се беше што крена раце и од посадата и од својот товар“, додава тој.

„Морнарите кои беа на бродот 11 месеци, имавме само малку залихи. Секојдневно му пишував на Путин. На крајот моравме да го продадеме горивото за со тие пари да ангажираме адвокат. Сопственикот не ни обезбеди ниту храна, ниту вода“, рече капетан Прокошев во интервју за радиото Ехо Москва.

Гречушкин не одговараше на прашањата ниту на Си Ен Ен, ниту на Сајбиријан Тајмс.

Според мејловите кои ги разменувале Прокошев и неговиот адвокат Шарбел Дажер, амониум нитратот е истоварен во бејрутското пристаниште до ноември 2014 година и оставен во складиште. Потоа таму властите го држеле шест години, и покрај постојаните предупредувања од директорот на либанската царина Бадри Дахер дека се работи за „екстремно опасен“ товар.

Си Ен Ен на увид доби документи во кои се гледа дека Дахер и неговиот претходник Мерхи повеќе пати во 2014 година и потоа се обраќале до бејрутските судови дека опасниот отпад мора да се одложи на друго место.

„Во дописите 19320/2014 oд 5.12.2014. и 6.5.2015. побаравме од судот да им наложи на надлежните пристанишни власти извоз на амониум нитратот кој е запленет од бродот Росус и складиран во царинскиот хангар број 12 во пристаништето во Бејрут“, напиша до судот Дахер во 2017 година. Документите покажуваат дека во еден момент Дахер предложил опасниот товар да се продаде на либанската војска, но тоа барање е одбиено.

Дахер, кој залудно предупредувал дека товарот на еквивалентен на „плутачка бомба“, вчера за Си Ен Ен птоврди дека неговата канцеларија упатила „шест писма до правните тела“, но властите никогаш не одговори на ниту едно од нив.

Катастрофа што можеше да се избегне: Либанската царина алармирала за опасноста од нитратот во Бејрут

Само бомбите во Хирошима и Нагасаки биле со поголема моќност од експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО)

The post Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО) was first posted on август 6, 2020 at 8:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....